|
||||
Георги Пешков |
Георги Пешков (? - 1913) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација (МРО). По 1892 година се поврзува со Даме Груев и Пере Тошев кои го привлекуваат во МРО. Од 1895 до 1901 година е член на околискиот револуционерен комитет, а од 1901 - на Битолскиот окружен комитет заедно со Анастас Лозанчев и Пере Тошев. До крајот на 1901 година по наредба на Гоце Делчев изготвува Правилник на четите на ВМОРО, кој се користи само во Битолскиот револуционерен округ. Георги Спиров Пешков е роден во Прилеп. Завршил егзархиска гимназија во Битола. Неговиот татко Спиро Пешков бил ортомар и се занимавал со трговија на ортомџиски производи, а долги години бил советник во Прилепската општина. Георги Пешков исто така се занимава со трговија, мо, набргу го напуштил занаетот поради револуционерна дејност. Неговите браќа Никола и Рампо Пешкови, исто така се дејци на на Македонската револуционерната организација. По 1892 година се поврзал со Даме Груев и Пере Тошев кои го привлекуваат во Македонската револуционерна организација. Во 1894 година, прв од покрстените лица во Битола бил Атанас Лозанчев, потоа Пере Тошев, Георги Пешков и Глигор Попев, а подоцна и Ѓорче Петров. На почетокот Анастас Лозанчев работи со Пере Тошев, а потоа со Георги Попхристов и Георги Пешков Во периодот од 1895 до 1901 година Пешков бил член на околискиот револуционерен комитет, а од 1901 е член на Битолскиот окружен комитет заедно со Анастас Лозанчев и Пере Тошев. Пешков дејствувал во Битола, Прилеп, Охрид, Ресен и други места. По наредба на Гоце Делчев, Георги Пешков до крајот на 1901 година изготвува Правилник на четите на МРО, кој се користи само во Битолскиот револуционерен округ. Во февруари 1902 година, заедно со многу македонски револуционери од прилепско, битолско и леринско, Пешков бил уапсен од властите во текот на Јосифовата афера. Тој бил осуден на 101 година и затворен во битолскиот затвор. Пешков бил амнестиран во март 1903 година, По излегувањето од затвор, Пешков станал четник во четата на Никола Русински. Како член на Окружниот комитет учествува на Смилевскиот конгрес во мај. Тогаш заедно со Ванчо Србака, Цветан од Световраче и Јанаки Петров биле избрани за членови на Кичевското раководно тело, а Пешков за реонски началник на Поречието. За време на Илинденското востание, Георги Пешков дејствува во раководното тело на Кичевскиот регион. По востанието останува нелегален и учествува во борбата со српската и грчката вооружена пропаганда. Во почетокот на мај 1904 година, Пешков бил делегат на Прилепскиот конгрес. На конгресот на кој учествувале повеќе раководни лица од битолскиот округ како Даме Груев, Ѓорче Петров, Патар Ацев, Георги Пешков и други, се расправало за возобновување на Организацијата и нејзиното дејствување по Илинденското востание, како и да се спречи дејствувањето на страната вооружена пропаганда која почнала да зема се поголем замав во Македонија. Во Втората балканска војна во 1913 година, Георги Пешков делува во тилот на грчките делови заедно со војводата Михаил Думбалаков. Георги Пешков загинува во 1913 година, во битката кај Лагадинското село Лахна. |