Среда, 05 Април 2017    PDF Печати Е-пошта
Тане Стојчев

Tane StoychevТане Стојчев (1874 - 1907) е македонски револуционер, војвода на Македонската револуционерна организација во Леринско. Познат уште како Тане Горничевски, Тане Џолев и Тане Грозни, за време на Илинденското востание раководи со Леринскиот револуционерен реон. Народот ќе го опее во песната „Огин пламен во балкано Сетински“.

Тане Стојчев Кљанџев е роден во 1874 година во леринското село Горничево, Егејскиот дел на Македонија. По Ристо и Лазо бил трето дете на Стојче Кљанчов. Бил немирен по дух и сакал да учи. Студирал во Софија, н пред завршување на студиите под образложение дека е социјалист бил протеран со Гоце Делчев и други членови на социјалистичкиот кружок.

Во редовите на Македонската револуционерна организација прво влегол како курир. Потоа станува член на терористичката група заедно со Христо Иванов Мајсторчето од Лерин, Геле и Петре Попови од селото Трсје, Доре Минчев од Горничево, Ѕоле Стојчев од Баница и Дине Кљусов од Горно Врбени.

Прогонуван од властите, Тане Стојчев пребегал во Софија во 1901 година. Наредната 1902 година се приклучил во четата на полковникот Јанков и пристигнал во Леринско, а по смртта на Георги Папанчев станал реонски војвода во Леринско.

Во 1903 година, за време на Илинденското востание, Тане Стојчев го раководел Леринскиот револуционерен реон, заедно со Лечо Настев и Алексо Џорлев. Во неговата чета имало 250 лица вооружени со ловџиски пушки од марката „Гра“ и секири: 17 лица од Церово со војводата Стефан Гошев, 42 лица од Баница со Ѕоле Стојчев и Нацо Кочев, 25 лица од Горничево со Дине Ташеминов, 14 лица од Борешница со Атанас Попов, 13 лица од Росен, 50 лица од Воштарани со Минче и Русе Ангеловски, 30 лица од Пателе со Васил Каленџиев.

Тане бил одговорен за областа на Ниџе и учествуваше во повеќе битки. На почетокот на востанието тие ги прекинале телеграфските жици помеѓу Лерин, Суровичево и Воден, го нападнале турскиот аскер во Пателе, а се бранеле во Суровичево. По востанието тој бил еден од малкуте војводи, кои останале во Македонија и придонеле за обновување на активностите на Македонската револуционерна организација во Воденско и Леринско.

На 11 март 1905 година соединетите чети на Тане Стојчев и Ѕоле Стојчев (Атеш паша) се судриле со османлиските војски и башибозук кај селото Жерви (денес Зерви, Егејска Македонија). Се водела херојска борба во која Турците имале многу жртви, но сепак не успеале да го спасат селото. Разбеснети од поразот, Турците го запалиле целото село Жерви, во кое од 45 куќи останале само 4, а 54 лица биле убиени.

Тане Стојчев тесно соработувал со војводите Лука Иванов, Атанас Брадата, Кулиман. Во средината на мај 1907 година, кога Турците заедно со андартите  презеле тотален напад за да го уништат војводата Апостол Петков, во мочуриштето на Ениџе Вардар, Тане по консултации со војводата Никола Иванов Кулиман му помога на големиот војвода „Ениџевардарско сонце“ да се извлече и да замине кон село Корнишор.  

Тане Војвода загинал заедно со тројца четници во борба со османлиските војски на крајот на јуни 1907 година помеѓу селата Чеган и Горничево.

Македонскиот народ го опеал во песната од Баница „Оган, пламен во балкано Сетински“ (Т. Бицевски -"Македонски народни песни од Леринско“, Институт за фолклор "Марко Цепенков", 1995).

Оган, пламен во балкано

Оган, пламен во балкано,
во балкано Сетински,
там се бијат комитите,
комитите, војводите -
првиот беше Тане Стојчев
Тане Стојчев Горничевски.
Вториот беше Џоле Гергев -
тамо долу во реката
на 'киндиј помощ стигна
от Барбешка планина,
помощ стигна Леко Џорлев.
- Не бојте се, наши браќа,
јас сум тука на помощ.
Бој се почна, бој ужасен.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.