|
||||
Јосиф Јосифовски - Свештарот |
Јосиф Јосифовски - Свештарот (2. VIII 1915 – 7. IX 1943) е македонски комунистички деец и народен херој. Како студент на Правниот факултет во Белград станал член на КПЈ (1937). По дипломирањето (1940) бил адвокатски приправник во Струмица и инструктор на ПК на КП во Македонија (1941). Познат под псевдонимот Ѓорче Свештарот, тој во Народно ослободителната и антифашистичка војна во Македонија НОАВМ дејствувал, главно, во Преспа и во другите реони под италијанско-албанска окупација. Бил уапсен од италијанската полиција (1942), но успеал да избега. Бил политички комесар на НОПО “Даме Груев“, на првиот НО баталјон “Мирче Ацев“ и на Втората оперативна зона на НОВ и ПОМ. Загинал во борба со германските сили и балистите. Прогласен е за народен херој на Југославија (11. X 1951). Опеан и во неколку народни песни. Јосиф Вангелов Јосифовски - Свештарот е роден на 2 август 1915 година во Гевгелија, Македонија, во сиромашно семејство. Основно училиште завршил во својот роден град, а потоа своето гимназиско образование го продолжува во Крагуевац, каде се запознал со напредното револуционерно движење и станал активист. Таму беше примен за член на Сојузот на комунистичката младина на Југославија (СКОЈ). По доаѓањето на студии во Белград, продолжил со својата револуционерна активност, но тоа не му сметало редовно да ги полага испитите на Правниот факултет. Меѓу другарите уживал големи симпатии. Учествувал во сите активности и протести на студентите, а еден од организаторите на друштвото "Вардар". За својата активност Јосиф Јосифовски - Свештарот често паѓа во рацете на полицијата. Секој пат кога ќе излезе од затвор, со уште посилна вера продолжувал да работи за револуцијата. Член на Комунистичката партија на Југославија станал во 1938 година. За време на распустот, исто така бил активен, особено во Студентската колонија. Секогаш кога доаѓа во Гевгелија, носел напредна литература. Собира околу себе обесправени, организира читање на забранети материјали. Кога дипломирал, полицијата веќе била добро информирана за неговата комунистичка активност, па не му дозволила да добие работа во родниот град. Затоа работи како приправник во Струмица, каде наишол на добра почва за сеење на комунистичката идеја. Во првите месеци по окупацијата, Јосиф Јосифовски - Свештарот работи на подготвување на востание во Струмица. Секретар е на месниот комитет на КПЈ за Струмица. Во септември 1941 година, како инструктор на ПК КПЈ за Македонија, бил испратен во Ресенската област да работи на разгорување на вооружена борба против окупаторот. Италијанската полиција го уапси во Корча, како опасен комунист, кој ги држел врските со албанските комунисти. Јосиф познат под псевдонимот Ѓорче Свештарот успеал да избега од затвор и се приклучил на Народно ослободителната и антифашистичка војна во Македонија НОАВМ. Тој дејствувал, главно во Преспа и во другите реони под италијанско-албанска окупација. Уште за време на формирањето на првиот преспанскиот партизански одред "Даме Груев", 6 јули 1942 година, тој стана нејзиниот политички комесар. Меѓу партизаните и кај луѓето на теренот каде што одредот се движел, Јосиф станал многу омилен. Кога, на 18 август 1943 година, беше формиран првиот партиска баталјонот "Мирче Ацев", тој беше назначен за политички комесар, а по еден месец за политички комесар на II оперативната зона. На митинзите организирани од страна на Одредот, а потоа баталјон, Јосиф Јосифовски Свештарот држи политички говори. Тој ги освојува слушателите со срдечна и борбена содржина на говорот. Така популарноста на Јосифовски во Преспа и Дебарца станала голема. Уште во првата половина на јули 1942 година во село Кленоец бил формиран илегален Народно-ослободителен одбор, како прв орган на народната власт, по што се започнати разни деиверзантски акции на пругата Кичево-Охрид. По капитулацијата на Италија на 18 август 1943 година, германските воени сили со помош на балистите преземаат мерки за да се уништи партизанското движење во Копачијата, во Личевскиот крај. Тие го нападнаа селото Кленовец, каде што привремено беше сместено седиштето на штабот на оперативната зона. Офанзивните акции во реонот на село Кленоец започнале на 5 октомври 1943 година. На 6 октомври 1943 година, борбите биле жестоки и траеле се’ до вечерта, кога дошло до мало затишје. Во жестоката борба на 7 ноември 1943 година и двете страни имаа многу мртви. Политичкио комесар на втората оперативна зона Јосиф Јосифовски Свештарот, заменик помошникот на баталјонот Мите Трпоски – војводата и заменик комесарот Трајан Белев биле убиени, како и многумина борци од кичевско, охридско, струшко и други места на Македонија. Храброста и непокорот остануваат симбол на крваво завршената Кленоечка битка. Преживеаните сведочат дека за одбрана на Кленоец доброволно била пријавена албанска партизанска чета, која била приклучена на одбранбената линија. Борбата покажала дека тоа не биле партизани, туку балисти преоблечени во униформи на партизаните. Вечерта извршиле масакар во селото врз Македонците партизани од првата и вторта чета на Првата Македонска ударна народно-ослободителна бригада. Речиси стотина Македонци партизани и мештани биле убиени со истрели во тил и заклани. Главата на народниот херој Јосиф Јосифовски Свештарот била отсечена и набиена на кол до селската црква сред село... Јосиф Јосифовски - Свештарот е опеан во неколку народни песни, а прогласен за народен херој на 11 октомври 1951 година. |