Среда, 10 Јуни 2020    PDF Печати Е-пошта
Милан Арсов

milan-arsovМилан Арсов (1885 - 1908) е македонски анархист, член на групата гемиџии и најмлад солунски атентатор. Во април 1903 година, заедно со Димитар Мечев и Илија Тричков ја минирале железничката линија Солун - Деде-Агач. Ден потоа, при подметнувањето бомба во летната бавча на хотелот “Алхамбра“ бил ранет и уапсен од полицијата. Прво бил осуден на смрт, а потоа помилуван на доживотно заточеништво. Во затворот во Мурзук се разболел и починал. Неговите другари Павел Шатев и Георги Богданов ја донеле и им ја предале неговата глава на родителите за да биде погребан во родната земја.

Милан Арсов е роден во 1885 година во Велешкото село Ораовец. Учел во гимназиите во Битола и Солун, но не го довршил школувањето. Во Солун се запознал со анархистичките идеи на Гемиџиите и станал член на Македонскиот таен анархистички кружок.

Повеќето од членовите на македонските анархисти биле интелектуалци, младинци на возраст од 18 до 22 години. Од Велес биле Јордан Поп Јорданов - Орцето, раководител на Кружокот, Димитар Мечев - Мечето, Константин Кирков, Илија Трчков, Владимир Пингов, Георги Богданов, Тодор Органџиев, Тодор Богданов, Илија Поп Јорданов, Алексо Минов и Милан Арсов. Покрај нив, во Кружокот биле и Павел Шатев од Кратово, Марко Бошнаков од Охрид, Начо Стојанов, Гоце Чанев и др. Милан беше најмалиот заговорник во групата на Гемиџиите.

Милан Арсов беше типичен феномен на епохата, која ги роди сите херои во револуционерната меморија на Македонија. Иако средношколец, беше тврдокорен, сигурен другар на заговорниците. Тој беше премногу млад, имаше само осумнаесет години, но, и покрај младоста, кај него на ентузијазмот му немаше граници. Во април 1903 година заде учество во Солунските атентати.

Бродот “Гвадалкивир“ беше запален во вторникот 15/28 април 1903 година. Истата вечер Димитар Мечев, Илија Тричков и Милан Арсов во Солунско ја минираа железничката линија Солун - Деде-Агач. Во експлозијата која ја предизвикале додека минувал возот, делумно била оштетена локомотивата и неколку вагони без да настрадаат патниците. Диверзијата предизвикала хаос во железничкиот сообраќај, а Милан и другарите без да бидат забележани, повторно се вратиле во градот, за да продолжат со зададените задачи.

Милан Арсов бил определен да фрли една бомба во летниот театар "Алхамбра", а Георги Богданов во кафеаната "Њона" кај плоштадот до самиот кеј. На 29 – ти април вечерта, веднаш по згаснувањето на светилките со гасното осветлување, Милан Арсов и Георги Богданов со цигарите ги запалиле експлозивните пакети завиткани во убава хартија. За да нема човечки жртви фитилите намерно биле долги. Сепак во акцијата на летниот театар загинал еден келнер.

Во Солунските атентати кои се случија на 28, 29 и 30 – ти април 1903 година, во борбата со војската и полицијата биле убиени гемиџиите: Орце Поп Јорданов, Константин Кирков, Димитар Мечев, Илија Трчков, Владимир Пингов и Цветко Трајков. Убиените атентатори и други лица убиени за време на Солунските атентати биле погребани на славјанските гробишта во Солун во општа гробница околу малата црква параклис „Св. Апостол Павел, а само Константин Кирков бил погребан во оделен гроб.

Во Солунските атентати, осумнаесетгодишниот Милан Арсов бил ранет уапсен од полицијата. Покрај него беа уапсени Павел Шатев, (под псевдоним Георги Манасов), Марко Бошнаков и Георги Богданов, како голем број соучесници и соработници. Тие биле предадени на специјален воен суд, а Арсов, Шатев, Бошнаков и Богданов кој првично ги осуди на смрт.

На 6 јуни, Специјалниот суд во Солун во присуство на европски преставници, банкари и трговци, ги осуди преживеанитие Гемиџии на смрт според чл. 54.56 и 58 од Отоманскиот кривичен закон, а потоа биле помилувани на доживотно заточеништво.

Милан Арсов бил затворен во пустинскиот град Мурзук, во областа Фезан во Либија. Во затворот се разболел и починал во 1908 година. По амнестијата, неговите другари Павел Шатев и Георги Богданов ја донеле и им ја предале неговата глава на родителите за погреб.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.