Среда, 24 Мај 2017    PDF Печати Е-пошта
Милан Генов

Milan Genov so soprugata

Милан Генов (2. III 1877 – 15. II 1928) е македонски фармацевт и деец на Македонската револуционерна организација. Дипломирал фармација на Медицинскиот факултет во Цариград (1900) и ја отворил една од првите стручни аптеки во Скопје со амбулаторија за лекарски прегледи и преврски на ранети четници. Често бил затворан од турската власт. Во серијата убиства на интелектуалци е убиен во својата аптека од месните српски власти.

Милан Генов е роден во 1 март 1877 година во Злетово. Син е на Арсо Генов Злетовецо (? - 1918) и на Анастасија. Со основно образование се стекнал во Штип, а потоа учи во машката гимназија во Скопје. Гимнзиското образование Милан Генов го оформува во Ќустендил каде завршил IV и V клас, а потоа извесен период престојува во Разград, каде работи во аптеката на Торчанов. Оваа работа ќе биде предизвик, тој да го продолжи своето образование на Медицинскиот факултет во Цариград.

По дипломирањето на Медицинскиот факултет во Цариград како фармацевт во 1900 година, Милан Генов се обидува да отвори сопствена аптека во Штип. Меѓутоа, иако градот имал голема потреба, турските власти не му дозволиле. Поради тоа, тој се обидел во Скопје, каде и покрај пречките на кои наишол, тој успеал да го добие потребното овластување.

По добивањето на овластувањето од турските власти Милан Генов отвора сопствена аптека. Со помош на средствата кој ги фобива од татко му, Генов ја опремил аптеката со сопствена амбуланторија за лекарски прегледи и преврски. Над неа поставил голема фирма со натпис на турски и мајчин јазик. Таа беше првата македонска аптека во скопскиот вилает и беше поздравена од македонското население.  Истата година се жени за Катја Шукарова од Велес.

Милан Генова зборувал француски, германски, турски и арапски, што помагало во трговската активност.  Меѓутоа, поради сомнителни активности, како сомнеж дека во неговата амбуланта им помагал на повредени четници на Македонската револуционерна организација. турските власти го затвараат неколу пати.

Во Втората балканска војна Генов бил уапсен и од новите српски власти заедно со други 150 истакнати Македонци во Скопје. За време на Првата светска војна во неговиот дом престојувал меѓудругите и генерал Александар Протогеров. До крајот на војната Милан Генова бил санитарен офицер во бугарската армија.

Во 1926 година Катја (Катерина) Генова заедно со Цонка Наумова, Гена Велева, Стојка Стефанова, Параскева Тошева, Славка Кратовалиева, Ленка Панкова и Невена Анчева создаваат Женската организација на Македонската Младинска Тајна Револуционерна Организација (ММТРО).

По аферата со затворањето на членовите на ММРРО и судењето на македонските студенти во Скопје од страна на српските власти, во 1927 година, Мара Бунева во знак на одмазда на 13 јануари 1928 година извршила атентат врз српскиот државен обвинител Велимир Прелиќ. Веднаш по атентатот, Бунева самата се застрелала за да не падне во рацете на српските окупаторски власти. На повредите им подлегнала ден подоцна, на 14 јануари.

Меѓутоа, по убиството на Велимир Прелич српските власти вршат голем број убиства против интелектуалци. Милан Генов е убиен во аптеката на улицата "Сарава" 32 во Скопје од Стефан Певкович од Босна, деец на организацијата Народна одбрана, предводена од Скопскиот жупан Јован Наумович и митрополитот Варнава. Помошникот на Генов во аптеката Драган Михајлов, едвај преживеал. На погребот на Милан Генов се собрале стотици граѓани, а потоа градот долго време жвиее во страв и мнозинството трговци ги затвораат своите продавници.

По убиството на Милан Генов, повидни Македонци го напуштија Скопје. Едни се населија во Белград, а други во Солун. Истото се забележува и во широките народни маси во околијата. Народот бил опфатен со страв и престанал да се движи. Од околните села престанале да доаѓаат во Скопје како последица на формалностите кои биле потребни за движењето од еден до друг пункт.

Милан Генова не оставил наследници по неговата смрт и неговата сопруга Катја е принудена да ги продаде имотот, а еден дел остава на својата сестра по својата смрт. Аптеката на Милан Генов постоела до 1941 година.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.