|
||||
Константина Бојаџиева - Русинска |
Константина Евтимова Бојаџиева - Русинска (1880 - 1932) е македонска учителка и деец на Македонско револуционерна организација. Во 1901 година застанува на чело на друштвото "Успение Богородично" чие мото било "Кога ќе ја ослободиме Македонија, жените ќе имаат истите права". Со друштвото раководи до крајот на 1903 година и активно учествува во подготовките за Илинденското востание. Со членовите на друштвото го изработуваат познатото охридско востаничко знаме на Македонската револуционерна организација. Константина Русинска е родена во 1880 година во Охрид, како единствен ќерка на богатиот трговец Евтим Настев Бојаџиев. Константина завршува основно образование во родниот град, а гимназија во Бугарија. Потоа работи како учителка и предава во основно училиште во Охрид. Во меѓувреме, во 1885 година во Охрид е основано друштвото "Успение Богородично". Основните цели на ова друштво биле да се обезбеди материјална и нематеријална помош за образование на сиромашните и особено на жените. Друштвото организирало седмични просветни класови на кои се држеле лекции за еманципацијата на жените. Главното мото на друштвото било "Кога ќе ја ослободиме Македонија, жените ќе имаат истите права". Меѓу повидните членови на организацијата биле Василка Размова, Клио Самарџиева, Атина Шахова, Поликсена Мосинова, Марија Пармакова. Пред почетокот на есента 1900 година, друштвото "Успение Богородично" се придружува кон Македонската револуционерна организација. Константина Бојаџиева ги прифаќа социјалистичките идеи за рамноправност и еманципација на жените. Во 1901 година застанува на чело на друштвото "Успение Богородично" и со друштвото раководи до крајот на 1903 година. Под нејзино раководство, охридското женско друштво активно учествува во подготовката на востанието во Охридско. Охридските учителки создаваат во куќата на Методи Патчев тајна болница за лечење на ранети македонски востаници. Поликсена Мосинова, Василка Размова, Клио Самарџиева и Константина Бојаџиева го изработуваат охридското востаничко знаме на Македонската револуционерна организација, на којашто млада жена со тробојно знаме во раката и лав го газат османското знаме, а странично се испишани натписи „Слобода или смрт“ и Македонија.
За време на Првата светска војна, двајцата одат во Русиново, родното место на Никола Русински. Константина работи како учителка во Берово од 1915 до 1918 година. По војната, семејството останува извесен период во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците. Русински ја поддржува Југославската комунистичка партија во Малешево, агитира за неа на локалните и парламентарните избори во август и септември 1920 година. По забраната на партијата на 30 декември 1920 година - така наречена Обзнана, семејството емигрира во Бугарија на 27 февруари 1921 година и се населува во Ќустендил. Константина заболува од пневмонија и четвртото дете и умира малку после раѓањето. Русински работи како дрводелец во Горна Џумаја, а Константина како учител во 1922 - 1923 година. Константина Бојаџиева - Русинска умира од пневмонија во 1932 година во Софија. |