|
||||
В’ндо Гошев |
Васил Георгиев Танов (1858 - 1917) е македонски револуционер, војвода на Македонската револуционерна организација. Познат е како В’ндо Гошев, В’ндо војвода, Стари В’ндо и "борбената гордост на Мегленско". По Илинденското востание се спријателува со Апостол Петков и во 1904 година го прави четник сопствениот син Георги В’ндев. По Хуриетот накратко станува легален, но една година подоцна пак ги обиколува Ениџевардарско, Ѓумурџинско, Гевгелиско и С’ботско. Агитира избеганите војводи да се вратат во Македонија В’ндо Гошев е роден во 1858 година во Мегленското село Лесково, Егејска Македонија. Се приклучува на ТМОРО уште во 1893 година прво како курир, а потоа станува и војвода. Во 1894 година влегува во конфликт со грчкиот владика на кого не му дозволува да постави грчки свештеник во селото. Во 1898 година неговиот брат Стојан е убиен од поткупен човек од владиката, а тој е гонет од турските власти. В’ндо Гошев бега во Ениџе Вардар и со братовите синови Гошко и Мичко се приклучува на врховистичката чета на Иванчо Карасулијата во 1902 година. Но, војводите Апостол Петков и Аргир Мансиев го привлекуваат Карасулијата кон Македонската револуционерна организација. Во 1903 година, за време на Илинденското востание, четите на Крсто Асенов, Апостол Петков и Иван Карасулијата се обединуваат и учествуваат во повеќе големи битки во Гевгелиско и Ениџевардарско. В’ндо Гошев се спријателува со Апостол Петков и по Илинденското востание, во 1904 година го прави четник сопствениот син Георги В’ндев. Во 1908 година по Хуриета накратко станува легален, но една година подоцна пак ги обиколува Ениџевардарско, Ѓумурџинско, Гевгелиско и С’ботско. Агитира избеганите војводи да се вратат во Македонија и се бори во планините на Кожув и Пајак. Во текот на зимата се повлекува во Бугарија и повторно влегува во Македонија во 1910 година, заедно со војводите Христо Чернопеев, Апостол Петков и Ичко Димитров - Ѓупчето. По убиство на ениџевардарското сонце, војводата Апостол Петков на 2 август 1911 година, Ичко Димитров го презема раководството на Солунски револуционерен округ, а подредените му се Иван Палошев кој обиколува во реонот на Ениџевардарското езеро и В’ндо Гошев, кој го има околу Корнишор. Во пролетта 1912 година четата Ичко Димитров се соединува со четата на В’ндо Гошев и го зацврстува статусот на организацијата во Пајак планина. На 19 септември 1912 година четата влегува во селото Крива, но е предадена и влегува во тешка борба со турскиот аскер. Селото е делумно опожарени по артилериски напад, доста мирни селани биле убиени, а четата се повлекува кон Корнишор на 20 септември. Потоа Ичко Димитров организира одмазда за убиството на Апостол Петков, а потоа заедно со В’ндо Гошев се насочуваат кон Крушаре. Потоа водат борба со турскиот аскер крај врв Бајраците на пат за Гевгелиско. По избувнувањето на Балканската војна на 26 септември 1912 година (9 октомври нов стил) В’ндо Танев влегува во Прва посебна партизанска чета. Кај селото Крива на 9 октомври 1912 година го разбива турски аскер, а на 19 октомври ја помага грчката армија и го ослободува Ениџе Вардар. На 15 декември В’ндо Гошев и неговиот син Георги се уапсени од грчките власти и осудени на смрт. Затворени се во Еди куле, од каде Георги успева да избега, а војводата В’ндо Гошев е тепан, оставен да гладува, труен и конечно убиен во 1917 година. Македонскиот народ во народната песна пее за војводата Апостол Петков и В’ндо Гошев. |