|
||||
Ризо Ризов |
Ризо Ризов (1. I 1872 – 6. I 1950) e истакнат македонски национален деец, член Македонската револуционерна организација (МРО), учесник во Илинденското востание и во задушувањето на контрареволуцијата во Цариград. По основањето на МРО станал нејзин член и дејствувал како организатор на револуционерни групи и организациони комитети во македонските села и градови. По Првата светска војна бил еден од основачите на Привременото претставништво на бившата ВМРО и потписник на Декларацијата за автономна Македонија и против новото поробување. Тој бил еден од основачите на ВМРО (Об). Се застапувал за обединување на македонските револуционери во единствен ослободителен македонски национален комитет. Како претставник на ВМРО (Об) престојувал во Австрија, Германија и СССР и ја запознавал светската јавност со праведната ослободителна борба на Македонскиот народ. Ризо Ризов е роден на 1 јануар 1872 година во Велес. Се школувал во Велес и Ќустендил, а потоа учителствувал во родниот град. По основањето на Македонската револуционерна организација (МРО) станал нејзин член и близок соработник на Гоце Делчев. Дејствувал како организатор на револуционерни групи и организациони комитети во македонските села и градови. Во 1903 година, Ризов учествувал во Илинденското востание, а од 1904 е член на Велешкиот околиски комитет. Истата година е ранет од група сарафисти. Ризов е меѓу основачите на Народната Федеративна партија. Во 1909 година, Ризов учествува во задушувањето на контрареволуцијата во Цариград. По контрарецолуцијата во Истанбул, Ризов учествува во работата на Комитетот за јавна безбедност во Велес, која ја раководат цивилните и воените власти во регионот. Во составот на Комитетот влегуваат 6 Македонци и 6 Турци. По избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 година и окупацијата на Македонија, во декември 1912 година, Ризов учествува на состанокот на македонските дејци во Велес, организиран од Димитар Чуповски. На состанокот присуствувале Ангел Коробар, Петар Поп Арсов, Александар Мартулков, Крум Зографов, Јован Поп Јорданов, учителот Иван Елезов, Димитар Ничев и Методи Поп Гошев. Тие решаваат да испратат претставници на Лондонската конференцијата, како и во Париз, со цел да се борат за зачувување на целовитоста на Македонија. Ризов заминува за Солун за да се сретне со видни македонски дејци за да добие поддршка, но таа била попречена од бугарските емисари кои се заканувале дека глави ќе паднат доколку се говори за автономија на Македонија. По Првата светска војна Ризов бил еден од основачите на Привременото претставништво на бившата ВМРО и потписник на Декларацијата за автономна Македонија и против новото поробување. Тој е приврзаник и на идејата за создавање македонска национална партија во Вардарскиот дел на Македонија и се застапувал за обединување на македонските револуционери во единствен ослободителен македонски национален комитет. Во текот на летото 1924 година во Виена, Тодор Паница и Ризо Ризов разгледуваат идејата за создавање на новата револуционерна организација во Вардарска Македонија. Ризов бил еден од основачите на ВМРО (Об). Тој е поврзан со Панко Брашнаров и со помош на Велешките социјалисти создаваат привремено претставништво на ВМРО (обединета). Според планот требало да се поврзат и со Питер Чаулев, кој бил убиен подоцна истата година. Во 1925 Ризо Ризов е избран за кандидат член на ЦК на организацијата. Кон крајот на 1926 година поради болест ја напушта Виена. Во 1930 година присуствува на Цариградската конференција на ВМРО (обединета), како член на ЦК на ВМРО (об.) и претставник на комунистичкото крило на организацијата. Потоа, тој емигрира во СССР. Како претставник на ВМРО (Об), Ризов престојувал во Австрија, Германија и СССР и ја запознавал светската јавност со праведната ослободителна борба на Македонскиот народ за слобода и сопствена држава. Ризо Ризов познат под псевдонимот Константинович, по ослободувањето на Македонија, се вратил во Скопје во 1945 година, каде што умира на 6 јануар 1950 година. |