Среда, 02 Август 2017    PDF Печати Е-пошта
Тодор Христов – Офицерчето

Todor HristovТодор Христов – Офицерчето (20. I 1883 – 21. IX 1903) е македонски револуционерен деец и велешки војвода на ТМОРО. Завршил воено училиште во Софија. Како бугарски кавалериски потпоручник на I пешадиски кавалериски дивизион, на Смилевскиот конгрес (12-17. V 1903) бил избран за воен специјалист при Штабот на Илинденското востание. Бил раководител на леарниците за бомби во Битолско и Крушевско. Во Илинденското востание, при нападот на Крушево, командувал со Седмиот (селски) востанички одред од 20 борци од селата Селце, Обршани и Вранче. По ослободувањето на градот ја координирал градбата на фортификациските објекти за одбрана и ги дал нацртите за изработката на црешовото топче.

Тодор Христов е роден во 1878 година во Велес. Според "Македонска енциклопедиjа" том 2, стр. 1591 е роден во Софија на 20.01.1883 година Завршува I прогимназиски клас. Учи во Военото училиште во Софија, кое завршува во 1902 година и започнува служба во Петти конен полк.

Во почетокот на пролетта на 1903 година го напушта служба и заминува за Македонија. Влегува во четата на Питу Гули која оперирала во Крушовско. Како бугарски кавалериски потпоручник на I пешадиски кавалериски дивизион, на Смилевскиот конгрес (12-17. V 1903) бил избран за воен специјалист при Штабот на Илинденското востание. Бил раководител на леарниците за бомби во Битолско и Крушевско.

Во изработка на планот за заземање на Крушево непосредно учествувал и револуционерот - поранешниот офицер Тодор Христов - Офицерчето кој предходно влегол во градот и ги скицирал објектите за напади: касарната, конакот, беледијата (општината), поштата и другите владини и државни установи, како и поважните пунктови во градот.

При нападот на Крушево на 2 август 1903 година, во осум воени групи биле распоредени 750 вооружени востаници под команда на добро подготвени началници - војводи. Тодор Христов - Офицерчето командувал со Седмиот (селски) востанички одред од 20 борци од селата Селце, Обршани и Вранче.

На 4 август 1903 година во градот влегува Штабот на крушевските востаници свечено дочекан од народот. При овој дочек, началникот на Штабот, Никола Карев одржал пред ослободените граѓани револуционерен говор, прогласувајќи ја првата Македонска Република и повикувајќи го народот да избере привремена републиканска влада.

Тодор Христов – Офицерчето по ослободувањето на градот е меѓу раководителите заштитата на Крушовската република. Тој ја координирал градбата на фортификациските објекти за одбрана и ги дал нацртите за изработката на црешовото топче.

На крајот на востанието на 21 септември 1903 година заедно со 18 четници води борба во планината Виљач, Скопско-Прешевската во која Тодор Христов и 11 четници загинуваат.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.