|
||||
Никола Оровчанец |
Никола Оровчанец (25. VII 1905 – Москва, 1938) е македонски револуционер и комунистички деец. Во 1923 г. бил примен во КПЈ, а во 1925 и во КП на СССР. Студирал на Комунистичкиот универзитет во Москва. Во 1934 г. како инструктор на КПЈ, работел на обновување и зацврстување на македонската партиска организација и го формирал Обласниот комитет. Со Коста Рацин го покренал партискиот орган “Искра“. Познат под псевдонимите Сандански, Пантиќ, поради провала, се вратил во Москва, каде бил жртва на сталинистичките чистки. Посмртно бил рехабилитиран во 1963 година. Никола Алексов Оровчанец е роден на 25 јули 1905 година во Велес. Во родниот град завршува основно и средно училиште. Заедно Бане Андреев, Ганчо Хаџипанзов, Георги Шоптрајанов и други членува во Литературното-уметничко друштво „Нада“. Се вклучува во Сојузот на кумунистичката младина на Југославија (СКОЈ), а од јуни 1923 ходина станал член на Куминистичката партија на Југославија (КПЈ) Во втората половина на 1925 година бил испратен на школување во СССР, каде бил примен за член на КП на СССР. По завршувањето на студиите во 1929 година на Универзитетот за националните малцинства на Западот во Москва, Оровчанец бил испратен во Украина во заводот „Петровскиј“, а потоа станал инструктор во реонскиот комитет во Днепропетровск. Во пролетта 1933 година, Оровчанец се вратил во Југославија, како инструктор на Коминтерната. Како инструктор на ЦК на КПЈ, тој се вратил во Македонија во август 1933 година. По доаѓањето во Скопје тој работел на обновување и зацврстување на македонската партиска организација и го формирал Обласниот комитет. Во Обласниот комитет покрај него биле Живоин Ќурчиќ и Кочо Рацин, со кого Оровчанец го покренал партискиот орган “Искра“. Пред годишнината на Октомвриската револуција во 1933 година тој ја напишал брошурата „Советскиот сојуз и Македонија“. По провалата во јануари 1934 година, кога се уапсени 15 македонски комунисти, Оровчанец привремено се крие во Куманово, а кон крајот на јануари ја напуштил Македонија. На 3 февруар 1934 година, во белградскиот весник „Политика“, тогашните југословенски власти ќе објават потерница со слика, во која се вели дека ќе му бидат благодарни на она лице које ќе помогне да се најде лицето Никола Оровчанец кое има легитимација издадена од полициската управа од Нови Сад на име Александар Филиповиќ со која лажно се преставува и дејствува. Оровчанец кој заедно со Рацин добро ја познава македонската историја, покрај Александар Филиповиќ (македонските кралеви Александар и Филип), се користел и со псевдонимот Сандански. Пред прогонот на југословенската полиција тој се враќа во Москва, каде продолжува со своето политчко школување. Станува аспирант на Ленинската школа. Во 1937 година велешанецот Никола Оровчанец бил назначен за помошник директор за просветно-политичка работа во Медицинско-фармацевтскиот комбинат во Москва. Меѓутоа истата година станал жртва на сталинистичките чистки. Прво бил исклучен од Партијата, а потоа на 8 февруари 1938 година бил уапсен. По не цел месец потоа, на 2 април 1938 година, Никола Алексов Оровчанец бил осуден за шпиунажа и истиот ден бил стрелан. Никола Оровчанец посмртно бил рехабилитиран на 11 декември 1963 година. |