|
||||
Георги Мадолев |
еорги Мадолев (13. III 1916 – Софија) е истакнат македонски револуционер и национален деец од Пиринскиот дел на Македонија, член на БРП (к). Во текот на Втората светска војна, во периодот 1941 – 1942 година, тој ја одржувал врската меѓу ОК и ЦК на БРП. Од јули 1942 година тој е борец во Беличката партизанска чета “Јаким Цоков“, а потоа и политички комесар на Разлошкиот партизанскиот одред “Јане Сандански“. Исто така бил и редактор на партизанскиот весник “Работничко знаме“. Мадолев бил активен за реализирање на националните права на Македонците во Бугарија во рамките на Културната автономија 1944–1948 во Пиринскиот дел на Македонија. По Резолуцијата на Информбирото во 1948 г. дошол во судир со новата политика на бугарското партиско и државно раководство за негирање на македонската нација и бил отстранет од политичкиот живот во Пиринскиот крај. Георги Стефан Мадолев е роден на 13 март 1916 година во Разлошкото село Белица, Пиринскиот дел на Македонија. Во 1937 година станал член на Околискиот комитет на кумунистичката партија на Бугарија. Во текот на Втората светска војна, во периодот од 1941 до 1942 година, ја одржувал врската меѓу Околискиот комитет и Централниот комитет на Бугарската работничка партија - БРП (к). Во јули 1942 година влегува како борец во Беличката партизанска чета “Јаким Цоков“, а во 1943 година станува политички комесар на Разлошкиот партизански одред “Јане Сандански“. Извесно време бил и редактор на партизанскиот весник “Работничко знаме“. По деветти септември 1944 година, кога на власт доаѓа Отечествениот фронт, Мадолев како Македонец ја следи тогашната политиката на БРП (к) и бил еден од најактивните за реализирање на националните права на Македонците во Бугарија во рамките на Културната автономија 1944–1948 во Пиринскиот дел на Македонија. Во 1946 година Феорги Мадолев ја напишал брошурата "Кон решение на македонското прашање", а кон крајот на истата година (21. XII 1946), тој е еден од потписниците на решението на бирото на Околискиот комитет на БРП (к) – Горна Џумаја, населението во Пиринскиот дел да им се дозволи да се пишуваат како македонци. Исто така, Мадолев бил еден од најодлучните Македонци кој барал воведување и изучување на македонскиот јазик и писмо во училиштата во Пиринска Македонија. Исто така, за оние кој се спротивставувале на Културната автономија во Пиринскиот дел на Македонија, тој често знаел да каже дека тие и „кој не сака да учи македонски јазик, нека си заминат во Бугарија“. Во 1945 година, Мадолев стана првиот одговорен уредник на весникот „Пиринско дело“. Од 1945 до 1946 година, тој е раководител на одделот во Околискиот комитет на БКП. Помеѓу 1946 и 1948 година беше претседател на Околискиот комитет на ОФ за Благоевград. По Резолуцијата на Имформбирото во јули 1948 година, Мадолев дошол во судир со новата политика на бугарското партиско и државно раководство за негирање на македонската нација и бил отстранет од политичкиот живот во Пиринскиот крај. Во декември 1948 година, Герги Мадолев еден од најинтелигентните партизани во Пиринскиот дел на Македонија, бил принуден, на V-от конгрес на БКП, да си направи “самокритика” за својата промакедонска позиција. Потоа од 1948 до 1950 година бил претседател на Околискиот народен совет во Разлог. Од 1953 до 1957 година работел во Софискиот градски народе совет, а помеѓу 1957 и 1963 година бил во Националниот совет на Отечествениот фронт. Од 1963 до 1968 година бил секретар на Врховниот читалиштен сојуз. Во периодот од 1968 до 1971 година, тој е претседател на Републичкиот совет за лекторска пропаганда, а потоа заменик-претседател до 1976 година. Автор на мемоарската книга со наслов "Парапуновци". |