|
||||
Борка Велески |
Борка Велески - Горанов (1912 –14. IX 1942) е македонски национален деец, учесник во НОБ и народен херој од НОАВМ. Во 1938 година, како синдикален активист бил организатор на едномесечен штрајк на монополските и на занаетчиските работници во Прилеп. За време на Втората светска војна, како член на КПЈ бил еден од организаторите на НОАВМ во Прилепско и командир на чета на НОПО “Димитар Влахов“. Борка Велески - Горанов (Левата) е роден 1912 година во Прилеп. Потекнува од сиромашно семејство и родителите прават се тој да се стекне со образование. Борка учи основно и средно во Прилеп. Иако бил одличен ученик, бидејќи почнал да чита од забранетата марксистичка литература, бил исклучен од 7 – ми клас на Прилепската гимназија. Борка потоа се запишал во военото училиште во Нови Сад, но и тоа не го завршил, па се вратил во родниот град. По враќањето во родниот град почнал да се занимава со одгледување на тутун. Согледувајќи ги проблемите со кој се соочуваат прилепските тутунари, тој станува еден од иницијаторите и основачите на Здружението на производителите на тутун во Прилеп. Со својта работа и чесност набрзо ја стекнува довербата кај народот, а сезонските работници од монополот бараат тој да ги предводи во штрајкот. На 4 април 1938 година, како еден од раководителите, Борка Велески стои на чело на 2.000 штрајчувачи, на кои им се приклучуваат уште 1.000 занаетчии. Штрајчувачите кои бараат подобрување на материјалната положба, по месец дена постигнуваат делумен успех. Меѓутоа, како предводник на штрајкувачите Борка бил уапсен под обвинение дека во говорите пред штрајкувачите внесувал „политички содржини“. Набрзо бил пуштен, но како неподобен му била затворена вратата за ново вработување. Борка Велески станува секретар на Здружението на производителите на тутун, кое се залага да добие подобра продајна цени на тутунот. Велевски кој бил повереник за откуп, во последните две години пред почетокот на Втората светска војна, се стекнува со голем углед меѓу граѓаните на Прилеп. Уште пред почетокот на Втората светска војна Борка Велевски станува член на Кумунистичката партија на Југославија (КПЈ). Во пресрет на Априлската војна (6 април 1941 година, напад на предвоена Југославија), Борко често бил повикуван на воени вежби. По окупацијата, Брка Велески влезе во првата партизанска чета на Селечка Планина, на 12 септември 1941 година. Бидејќи бил пешадиски наредник, тој бил војнички најобучениот партизан во четата. Тој ги обучуваше младите борци кои го нападнаа Прилеп на 11 октомври. Во текот на 1941, и до септември 1942 година, одредот на Борка преземал најмногу акциии. Борка Велески – Левата како командант на Прилепскиот одред "Димитар Влахов", во мај 1942 година станал познат под псевдоним Горанов. Во септемвриската непријателска офанзива првата чета на одредот "Димитар Влахов", во која бил Борко, била опкружена со непријателски обрач на местото наречено Сеченото, на планината Мукос. На 14 септември 1944 година, додека партизаните се пробивале низ обрачот, Борко бранејќи ја остапницата, паднал мртов погоден со митралезски рафал. Борка Велески - Горанов загинал во борба со бугарската фашистичка војска и полиција. Зачувана е неговата необјавена едночинка “Кољо Воденичарот“, напишана за потребите на одредот. Опеан е во македонската народна песна “Заплакала е гората“. Прогласен е за народен херој на Југославија на 20 декември 1951 година. |