Среда, 11 Октомври 2017    PDF Печати Е-пошта
Георги Димитров

Georgi DimitrowГеорги Михајлов Димитров (18. VI 1882 – 2. VII 1949) e истакнат бугарски и меѓународен комунистички деец и државник, по потекло од Македонија. Бил раководител на БКП и претседател на Коминтерната од 1935 до 1943 година, а од 1946 до 1949 година бил претседател на Бугарската влада. Ја осудувал завојувачката политиката на бугарските влади спрема Македонија, како и поделбата на Македонија. Го поздравил создавањето на ДФМ/НРМ во составот на ФНРЈ и ја прогласил за пиемонт за обединувањето со другите македонски делови. Бил иницијатор за Културната автономија во Пиринскиот крај.

Георги Димитров е роден на 18 јуни 1882 година во Софиското село Ковачевци. Неговите родители, таткото Димитар Тренчев од Разлог и мајката Парашкева Досева од Бања, Разлошко, за време на Кресненското (Македонско) востание се преселиле во Перничкото село Ковачевци. По доаѓањето во с. Ковачевци, двајцата склучиле брак, во кој се раѓаат 8 деца.

Семејството на Георги Димитров кое е протенстантско, една година по неговото раѓање се преселило во Радомир, а во 1886 година во Софија. Во 1894 година, поради недостаток на средства, 12-годишниот Г. Димитров го прекинал своето образование и почнал да работи како печатар во печатницата на Никола Пиперов, каде се печати весникот "Народни права", орган на Либералната партија на Васил Радославов.

Во 1902 година, Георги се влучил во Бугарската работничка социјалдемократска партија (БРСДП). По поделбата на партијата во јули 1903 година, тој останува со тесните социјалисти, на чие чело е македонецот Димитар Благоев, а во 1909 година станал и член на нејзиниот ЦК.

Георги Димитров бил мобилизиран за време на Втората балканска војна во 1913 година. Истата година, на 31 – годишна возраст станал најмладиот пратеник во Собранието. Како народен пратеник ја избегнал мобилизацијата за време на Првата светска војна и водел антивоена кампања меѓу војниците на Македонскиот (Солунски) фронт. Ја осудувал како завојувачка политиката на бугарските влади спрема Македонија. Го осудил учеството на Бугарија во Балканските и во Првата светска војна, како и поделбата на Македонија. Поради антивоената кампања и неговите ставови бил осуден на строг затвор и од 29 август до 16 декември 1918 година, лежи 4 месеци во централниот Софиски затвор.

Во овој период, Георги Димитров се застапувал за тесна соработка меѓу балканските социјалдемократски партии и за создавање Балканска Федерација, во чиј состав би влегла и Македонија. Во 1919 година, тој бил еден од организаторите на БКП (т.с.), а во 1923 година и еден од инспираторите на Септемвриското востание. Дејствувал со штабот на востанието во Пиринска Македонија, а по неговото загушување избегал првично во Југославија, а потоа во Австрија.

По доаѓањето во Австрија, Георги Димитров станал активист на Комунистичката интернационала (Коминтерната) и извршувал „конспиративна дејност“ во Швајцарија и Германија. По изрекувањето на смрттна казна во Бугарија во 1926 година, периодично живеел во СССР под различни псевдоними. Во периодот од 1929 до 1933 година раководел со Западноевропското биро на Коминтерната, а некаде од 1927 година, тој бил и офицер за врски со Македонска револуционерна организација - ВМРО  (обединета).

На 9 март 1933 година, Георги Димитров заедно со неколку други комунисти бил уапсен во Берлин под обвинение за палење на Рајстагот (Парламентот). На Лајпцишкиот процес тој самиот се бранел и остро го осудил завојувачкиот фашизам, поради што се стекнал со светска слава. Поради недостаток на докази, обвинувањето за палеж на Рајстагот било отфрлено, но бил осуден на 9 месеци затвор поради незаконски престој во Германија со лажен пасош.

По излегувањето од затвор Георги Димитров добил советско државјанство и останал во СССР до крајот на Втората светска војна. Поради славата со која се стекнал во текот на Лајпцишкиот процес, тој бил назначен за генерален секретар на Коминтерната, со која раководи во периодот од 1935 до 1943 година. На VII конгрес во 1935 година поднесол акционен план за создавање антифашистички фронтови.  Истовремено Димитров раководел и со БРП (к), а од 1942 година раководи и со новосоздадената коалиција Отечестент фронт.

800px-Joseph Stalin and Georgi Dimitrov 1936Георги Димитров се враќа во Бугарија по завршувањето на Втората светска војна, во ноември 1945 година. Од ноември 1946 до јули 1949 година бил претседател на Бугарската влада. Во текот на својот мандат се застапувал за соработка со Југославија и бил иницијатор за Културната автономија во Пиринскиот крај. Го поздравил создавањето на ДФ Македонија / НР Македонија  во составот на ФНР Југославија и ја прогласил за пиемонт за обединувањето со другите македонски делови.

На 1 август 1947 година во Блед (Словенија), Тито и Димитров разговараа за пристапувањето на Бугарија во Југославија, што би довело до обединување на Вардарскиот и Пиринскиот дел на Македонија. Сепак, по Втората светска војна, овие планови не одговарале на новите стратешки планови на СССР во регионот. Во текот на 1948 година, тоа ќе доведе до тензии меѓу Тито и Сталин, а Димитров ќе биде подложен на големи критики од страна на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз (КПСС).

Во март 1949 година Георги Димитров заминал на лекување во „Барвиха“, санаториум за повластената црвена елита на Москва. И покрај првичните официјални информации за подобрување на неговото здравје, тој починал во сенаториумот на 2 јули 1949 година. И покрај официјалниот медицински извештај за причината за неговата смрт, постои теорија за политичко убиство на Димитров, зад кое стои знакот на Јосиф Сталин.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.