Среда, 25 Октомври 2017    PDF Печати Е-пошта
Леонидас Вулгарис

leonid

Леонидас Вулгарис (1833 – ?) е македонски и грчки револуционер. Се застапувал за соработка меѓу балканските народи во борбата против османлиското владеење. Со Константин Буфски го организирал одржувањето на Собранието на Грамос Теке и формирањето на Привремената влада на Македонија (1880), а учествувал и во составувањето на Прогласот на Силогосот „Македонија на Македонците“ до македонските народи. Се застапувал за создавање слободна и неделива македонска држава во балканската федерација (1888).

Леонидас Вулгарис е роден во 1833 година. Син е на Анастас Вулгарис, кој потекнувал од Пијанец и бил учесник во Грчкото востание. Се школувал во военото училиште во Пиреја. Во времето на Кримската војна (1853 - 1856) се борел на страната на Русите во доброволечката единица Грчка легија.

Во 1862 година се обидел да дигне востание во Битолско заедно со Спиро Џеров. Во Грција бил затворен и обвинет за велепредавство.Во 1866 година, паралелно со немирите на Крит, Леонидас се обидел да крене востание на полуостровот Халкидики. Во април истата година Вулгарис и капитен Јоргос (Георгакис) Мадемохорианос се истовариле со мала чета од 25 - 30 лица во реонот на Румилја. Целта на Вулгарис била да предизвика општо христијанско востание. Грчките власти ги предупредиле Турците и како резултат на тоа, во јуни Вулгарис и речиси сите негови луѓе биле уапсени, а населението на Халкидики и во Нигрита било подложено на терор. По интервенција на Русите, Вулгарис бил ослободен.

Леонидас Вулгарис се застапувал за соработка меѓу балканските народи во борбата против османлиското владеење. Во 1870 година бил иницијатор за формирање Комитет за ослободување на народите на Истокот, а од 1875 до 1881 бил активен за време на големата источна криза (1875– 1881). Соработувал со Кумундурос, одржувал врски со Србите за заедничка акција против османлиската држава. Исто така, Леонидас Вулгарис активно работел на формирање чети за испраќање во Македонија.

Во април 1880 година, по Македонското (кресненско) востание, Леонидас Вулгарис се сретнал со Костантин Буфски, кај месноста Гремен (Острово), а учествувал и во составувањето на Прогласот на Силогосот „Македонија на Македонците“ до македонските народи

Согледувајќи ја состојбата по Берлинскиот конгрес, како и по задушувањето на Кресненското востание, двајцата војводи Вулгарис и Бугски се согласиле дека иднината на Македонија зависи исклучително од отстранувањето на пропагандите на соседните држави Грција, Србија и Бугарија, кои пред големите сили погрешно ја прикажуваат етничката состојба на македонскиот народ, како и за создавањето единство кај македонскиот народ и од создавањето македонска држава, било како автономна во границите на Османлиската Империја или како самостојна. За да можат да го остварат таквите цели Вулгарис и Буфски се договориле да организираат едно „Национално собрание" на кое би учествувале припадници на сите народи што ја населувале Македонија.

Во организација на Буфски и Вулгарис, од 21 мај до 2 јуни 1880 година, во месноста Гремен теке, било одржало основачкото Национално собрание на кое присуствувале 32 претставници од цела Македонија. На Собранието била усвоена политичка програма во чии заклучоци се истакнувало: „Доколку Високата порта се оглуши од членот 23 од Берлинскиот договор, Националното собрание ќе го повика македонското население на оружје со девиза Македонија за Македонците, за воспоставување древна Македонија".

Националното собрание составено од Македонци, Власи и Албанџи избрало Привремена влада на Македонија „Единство“. Претседател на Националното собрание бил Стефо Николов, претседател на владата Васил Симон, а за военото прашање биле одговорни Леонидас Вулгарис и Косгадин Буфски.

Од името на Владата е упатен апел до големиге сили за праведните барања на македонскиот народ за ослободување на Македонија. Апелот е придружен со Протоколното решение на Македонското национално собрание

Во протоколното решение Привремената влада на Македонија „Единство“ од 1880 година врз основа на културното наследство на Македонија која во древно време имала своја цивилизација и го дала Аристотел и Александар Македонски, го барала правото за создавање на автономна или самостојна македонска држава.

Леонидас Вулгарис бил еден од поистакнатите членови на организацијата Источна конфедерација во Атина. Во писмото до Захарија Стојанов од 1888 година, тој се залагал за создавање слободна и неделива македонска држава во балканската федерација.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.