Среда, 29 Ноември 2017    PDF Печати Е-пошта
Христо Руков

Christo Rukov 1908Христо Руков (30. XI 1887 – 28. II 1970) е македонски револуционер и фотограф, деец на Македонската револуционерна организација (МРО). Како официјален фотограф на Македонската револуционерна организација, тој ги фотографирал четите на војводите Петар Христов - Германчето, Тома Желински и Кузо Блацки, како и уште многу други личности од Костурско.  Во неговата архива биле пронајдени дневникот на Васил Чакаларов, спомените за масакрот во Загоричани, мемоари и писма на Лазар Киселинчев, спомени за Лазар Поптрајков, Лазар Москов и Пандо Сидов.

Христо Руков е роден на 30 ноември 1887 година во костурското село Косинец, Егејска Македонија, во револуционерно семејство. Неговиот татко, Ламбро Руков, бил убиен како четник на Васил Чакаларов за време на Илинденското востание, а и неговиот чичко Наум Руков бил долгогодишен член на Македонската револуционерна организација.

Во 1897 година, Христо Руков заминал за Атина, каде што завршил грчка гимназија. По поразот на Илинденско востание 1903 година, тој се вратил во Косинец, каде што бил избран за член на Извршниот комитет на ВМРО во Косинец, заедно со Дељо Марковски, Митре Пировски и Атанас Палчев.

Во 1905 година, Пандо Кљашев и Атанас Палчев го испратиле Христо Руков со специјално писмо до Борис Сарафов, кој со врски го назначил во Одделот за фотографија во тогашното Министерство за просвета. По 6 месечни курсеви за фотографија, Христо Руков се вратил во Костурско во 1906 година. Како официјален фотограф на Македонската револуционерна организација, тој ги фотографирал четите на војводите Петар Христов - Германчето, Тома Желински и Кузо Блацки, како и уште многу други личности од Костурско.

На 14 март 1907 година дошло до борба меѓу турскиот аскер и дејци на МРО предводени од Наум Марковски од Косинец и Влаот Гушев. По борбата, Христо Руков како сомнително лице бил уапсен од турските власти, а во месец август 1907 година бил ослободен со поткуп.

По наредба на МРО, Христо Руков бил испратен да контактира со албанското револуционерно движење во Корча. На 20 септември, 9 косовски албански делегати пристигнале во Косинец. За 7-8 дена на состанок присуствувале вкупно 55 лица, Од страна на МРО биле војводите Пандо Сидов, Христо Цветков, Кузо Блатски и други, а од албанската страна се Черчиз Топули, Јакуб бег од Тишина, Михал Грамано и уште шестмина. Албанските делегати на покана на Христо Руков го посетиле неговиот дом, каде што тој направил фотографија со нив.

На 12 мај 1908 година, Христо Руков учествувал во одбраната на Косинец од нападот на грчка андартска чета. Во одбраната, исто така, учествувале Дељо Марковски, Гаки Кенков, Јото Стасков, Митрето Пировски и Крусто Нолчев, кои успеале да убијат неколку анархисти и да ги одвратат андартите од нападот на селото.

По убиството на војвода Петар Христов – Германчето, Турците во неговата лична архива откриле писмо од Христо Руков, кој потоа бил фатен и осуден на три години затвор. Затворската казна Руков ја издржува во затворите во Костур, Корча и Битола. По Младотурската Револуција тој бил амнестиран, а потоа танал четник првво кај Васил Чакаларов, а потоа и кај Пандо Сидов.

До 1908 година, Христо Руков ги фотографирал уште војводите Христо Цветков, Пандо Кљашев, Иван Попов, Васил Чакаларов и Христо Гучо. Исто така и четниците од четите на Пандо Сидов, Петар Христов - Германчето, Атанас Кршаков и други.

Во периодот од 1910 до 1911 година Христо Руков учителствувал во родното село, а во 1911 - 1912 година бил учител во Брезница, каде што му помагал на војводата Крсто Љондев. За време на Првата балканската војна во 1912 година тој помогал на четата на Васил Чакаларов и учествувал во повеќе битки меѓу кои кај Билишта и Капештица.

По Втората балканска војна, кога Косинец паднал во границите на Грција, Христо Руков бил подложен на репресија и прогон од страна на грчките власти. Лежел во затворот во Костур  во текот на 1915, 1922 и 1927 година. Во 1929 година, тој повторно бил затворен откако во дворот на неговата куќа експодирала бомба, а потоа било пронајдено скриено оружје. Христо Руков бил интерниран во 1932 година, потоа во 1939 бил прогонет во Негован, Леринско, а во 1940 година во Коринт, Пелопонез

По поразот на Грција за време на Втората светска војна, Христо Руков бил уапсен од италијанските окупатори за субверзивна дејност. Заточен бил во логорот во близина на Куцомилиа - Трикала, Тесалија. Подоцна, тој бил префрлен во затворот „Авероф“ во Атина, од каде што бил ослободен од бугарските власти, по што, се населил со семејството во Бугарија.

Христо Руков починал на 28 февруари 1970 година во Варна. Во неговата архива биле пронајдени дневникот на Васил Чакаларов, спомените за масакрот во Загоричани, мемоари и писма на Лазар Киселинчев, спомени за Лазар Поптрајков, Лазар Москов и Пандо Сидов.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.