|
||||
Свети Климент - прв македонски митрополит преспанско-битолски |
Митрополит Климент (3 VIII 1912-1979), прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква (МПЦ) и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ - ОА). Никола Трајков е световното име на митрополитoт Климент, пред монашењето и хиротонијата за архиереј на MПЦ. Никола Трајков е роден на 3 август 1912 година во Битола. Основно образование и гимназија завршил во родниот град, а студиите по право на Правниот факултет во Белград и Софија. По дипломирањето Трајков прво работел како професор во гимназијата во Битола, потоа како референт во Историскиот архив во Битола и судија во Народниот суд во Општина Битола. Се занимавал со историски истражувања. Тој бил познат и како исклучително надарен педагог. Во својата долгогодишна просветна дејност успеал на своите ученици, од кои многумина биле на високи места во тогашната државна администрација, културата и просветата, со многу љубов да им ја доближи историјата на македонскиот народ. Зачудувал со неговата меморија и неговото енциклопедиско знаење за низа најситни подробности, не само од познатите историски настани, туку и од историјата на одделни семејни родослови и историското минато на одделни населени места во нашата земја. По Втората светска војна Никола Трајков се активно се вклучува за обнова на Македонската православна црква (МПЦ). Иако бил граѓанско лице, како истакнат активист за создавање на автокефална Македонска православна црква, од иницијативниот одбор во Скопје бил предложен за епископ. По неговото замонашување, набрзо станал прв митрополит преспанско-пелагониски и прв архиереј, хиротонисан во МПЦ по нејзиното укинување во 1767 година. Имено, во 1958 година Никола Трајков бил замонашен во манастирската црква Св. Богородица во скопското село Побожје. Потоа бил ракоположен за ероѓакон и свештенојереј во црквата Св. Мина, Скопје, а во Битола во храмот Св. Димитриј е произведен за архимандрит. На 19 јуни 1959 година во Св. Мина бил хиротонисан за архијереј од поглаварите на СПЦ и на МПЦ Герман и Доситеј Охридски и епископите Никанор Бачки, Симеон Горнокарловачки и Висарион Банатски и станал прв епископ на Преспанско-битолската епархија во Битола. На 26 јули 1959 година во Штип, заедно со архиепископот Доситеј го хиротонисуваат архимандритот Наум и формираат Свет архијерејски синод на обновената МПЦ. На 17 и 18 јули 1967 година Климент учествувал на Третиот архиепискописки врковно-народен собор одржан во црквата „Св. Богородица Перивлепта“ („Св. Климент“) во Охрид, на кој на 17 јули Соборот едногласно усвоил посебна Резолуција со која од името на сето свештенство и на православниот македонски народ Синодот Македонската православна црква ја прогласи за автокефална. Утредента, на 18 јули 1967 година била донесена Одлука за прогласување на автокефалноста на Македонската православна црква, со архиепископско достоинство, со сопствен Поглавар, Синод, Устав и целосно самостојно уредување. Тогаш биле формирани уште две епархии: Дебарско-кичевска и Американско-канадско-австралиска. Синодот кој го сочинувале архиепископот Доситеј и епископите Климент, Наум, Методиј и Кирил ја потпишале Одлуката за автокефалноста на Македонската православна црква По долго боледување, на 18 јуни 1979 година. Климент се упокоил во Битола. Погребан е во црквата Црква „Св. Богородица“ - Битола. (извор: Значајни личности за Битола, 2007, стр. 93 - 94; МЕ, Скопје 2009) |