Среда, 28 Март 2018    PDF Печати Е-пошта
Д-р. Константин Мишајков

konstantin-misajkovКонстантин Мишајков (1807 - Софија, 16. IX 1880) е виден македонски преродбеник и лекар. Во 1840 година завршил медицина во Пиза, Италија, а во 1845 година специјализирал во Париз. Во Битола бил лекар во турска општинска служба и на чело на преродбенската борба за отворање училишта на славјански јазик и писмо и славјанска богослужба по црквите. Од 1860 до 1870 г. бил началник на Санитетот на битолскиот вилает. Грците го наклеветиле дека сее омраза меѓу христијаните, поради што бил осуден, а набргу потоа ослободен.

Константин Мишајков е роден во 1807 година во леринското село Пателе. Потекнува од големата фамилија Мишајкови. Тој е помлад брат на епископот Панарет Пловдивски (Петар Мишајков). Константин се образувал во Битола и Атина, а потоа студирал медицина. Во 1840 година завршил медицина во Пиза, Италија, а во 1845 година специјализирал во Париз.

По завршувањето Константин Мишајков работел 30 години како локален лекар во турската општинска служба во Битола. Од 1860 до 1870 година, тој бил началник на Санитетот на битолскиот вилает.

Заедно со Димитар Робев, др. Константин Мишајков застанал на чело на преродбенската црковно-училишна борба за отворање училишта на славјански јазик и писмо и славјанска богослужба по црквите. Тие ја предводат просветната и црковна борба против елинизмот во Битола и се залагаат за обновување на Охридската архиепископија.

Во борбата со грчката, Цариградска патријаршија, одделните грчки свештеници и месните владици, тие успеала да издејствува славјанска богослужба во две цркви и отворање на народни – македонски училишта во Битола.

Во периодот од 1863 до 1865 година, како еден од иницијаторите за отварање на славјанска црковно-училишна општина, тој на општината и остапил место за црква и училиште, а со свои средства изградил и капела.

Македонските првенци предводени од д-р Константин Мишајков и Димитар Робев го помагале отворањето на училишта и цркви не само во Битолско, туку и во други краеви на Македонија.

Откако македонски преродбеник и револуционер, свештеник и учител Трпо Поповски (21. V. 1848 – 25. V. 1928) повторно го отворил училиштето во 1871/1872 година во село Косинец, Костурско, тој бил наклеветен од грчкиот владика Никифорос и затворен во Корчанскиот затвор. Но, по интервенција на македонските првенци Робев, Мишајков и др., по три месеци поминати во затвор Поповски бил ослободен.

Константин Мишајков бил наклеветен од Грците дека сее омраза меѓу христијаните, поради што бил осуден, но набргу потоа ослободен.

За време на српско-турската војна во 1876 година, др Константин Мишајков бил принуден од властите да го напушти градот. Тој емигрирал во Бугарија и се населил во Пловдив,

Константин Мишајков се приклучил на софиското друштво на македонските емигранти и заедно Димитар Каранфилович, Васил Диамантиев, Димитар Македонски, Кузман Шапкарев и други дејци работи на ширење на дејноста на друштвото во кое биле изработувани петиции и мемоари кои биле испраќани до европските сили за решавање на македонското прашање.

Пред неговата смрт, тој му го оставил својот имот на своите македонски сограѓани во Битола во вредност од повеќе од 25 000 златни лева. Починал на 16 септември 1880 година во Пловдив.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.