|
||||
Андреја Докурчев |
Андреја Докурчев (или Андреа Димов) е роден во 1878 година во Велес, тогаш Османска империја. Со осново образование се стекнува во родниот град, а потоа учел во Солун, кој бил расадник на револуцинерните идеи за ослободување на Македонија. Во 1896 година, Андреј Докурчев станал член на Македонската револуционерна организација и потоа целиот свој живот го посветил на борбата на македонскиот народ за создавање на самостојна и независна македонска држава. Две години по влегувањето во Организацијата, во 1876 година, Докурчев преминал во илегала. Прво бил комита во четата на Андон Јанев –Ќосето, а потоа бил четник на војводите Михаил Попето и Крсто Асенов. Подоцна и самиот станал војвода. Во периодот од 1901 и 1902 година, Докурчев бил кратко време војвода на чета во Одринско, потоа и околиски војвода на Горноџумајско и член на Струмичкиот револуционерен комитет. Во овој период, Андреј Докурчев учествувал во ликвидирањето на злогласниот бег од Кукушкото село Мурулово и во грабнувањето на мис Елена Стон. Во пролетта 1903 година, Андреј Докурчев заминал за Крушевско со четата на Питу Гули и зел учество во Илинденското востание како војвода на Првиот одред во Крушевскиот револуционерен реон на Македонската револуционерна организација. На 2/3 август 1903 година Андреј Докурчев учествувал во заземањето на уќуматот, поштенско- телеграфската станица и беледието (општината) во Крушево. По заземањето на градот Крушево, единицата на Андреј Докурчев била оставена да ги чува државните институции, додека другите чети ги бранеле премините кон градот откај Прилеп од настапувањето на турската војска. По задушувањето на востанието, Докуречев бил одново војвода во Горноџумајско во периодот 1904 и 1905 година. Во наредната 1906 година бил нелегален член на Струмичкиот окружен револуционерен комитет и ревизор на четите. Андреј Докуречев, познат под псевдонимите Докурчев или Осман Бегович, загинал на 10/11 октомври 1907 година во Кичевското село Белица. |