Среда, 01 Август 2018    PDF Печати Е-пошта
ЛазоТрповски - Црниот

33744 1514281531430 1066193764 31273491 2326914 nЛазоТрповски - Црниот

Лазо Трповски (1900 – 11. IV 1943) е македонски револуционер, припадник на Македонското националноослободително движење во Егејскиот дел на Македонија и член на КПГ. Познат како Црниот, во 1928 година емигрирал во Канада и се активирал во организираното македонско иселеништво, а по протерувањето емигрирал во СССР. Во 1935 година се вратил во Грција, се активирал во КПГ и му пристапил на Македонското националноослободително движење ВМРО(Об). Во почетокот на 1939 година бил уапсен и спроведен во логорот на островот Акронавплија. По Ослободувањето во јуни 1941 година се вклучил во Движењето на отпорот. Бил убиен од вооружените припадници на ПАО.

Лазо Трповски е роден во 1900 година во костурското село Д’мбени, Егејскиот дел на Македонија, Тој е прво дете на Насо Трповски, чие семејство е расадник на низа учесници во револуционерното движење на македонскиот народ во Егејска Македонија.

По Првата светска војна Лазо го привлекува вниманието на грчката полиција врз себе откако отворено почнал да истапува против спогодбите  меѓу грчката и бугарската влада за размена на населението од 1919 до 1924 година, со кои Македондоците биле протерувани од своите родни огништа. Исто така, тој отворено говорел и против експоатацијата на работниците.

Во 1928 година, Лазо Трповски емигрирал во Канада и се активирал во организираното македонско иселеништво, во организацијата „Македонски народен сојуз“, која предводена од Смиле Војданов и Георги Пирински се залагала за создавање на самостојна македонска држава.

Во 1932 година, по апсењето и протерувањето од канадските власти, Лазо Трповски емигрирал во СССР, каде што останал три години и ја завршил Високата политичка школа.

Во 1935 година, Трповски се вратил во Грција и веднаш се активирал во Грчката комунистичка партија (КПГ) во родниот крај, и му пристапил на Македонското националноослободително движење претставувано од ВМРО (Обединета). Станал познат организатор и често патувал низ селата, притоа успешно избегнувајќи ги заседите на полицијата. По долго следење, режимот на Ј. Метаксас, успева да го уапси Трповски во куќата на негов пријател во селото Сливени на 17 јануари 1939 година.  

По долго мачење во затворот, Трповски бил изведен пред судот во Костур, заедно со уште неколку комунисти. Осуден бил на строг затвор од шест месеци на островот Егина и на уште три години интернација во злогласната крепост Акронавплија, на Пелопонез.

По германската окупацијата на Грција во април 1941 година, првите месеци Трповски заедно со други Македонци ги поминува во затворот Акронавплија. Меѓутоа, со помош на еден од затворениците Неделко Попнеделков, на 28 јуни 1941 година, Лазо Трповски, Андреј Чипов, Атанас Пејков, Лазар Дамов, Анастас Ташко Караџа и други 22 затвореници се ослободени.

По Ослободувањето од затворот, Трповски се вклучил во Движењето на отпорот. Станал член на Македонското биро на КПГ. Во тоа својство, тој неуморно ги обиколувал Костурската, Леринската, Воденската и Солунската околија и успеал да ги обнови партиските организации речиси во целата Западна и Централна Егејска Македонија. На еден партиски состанок, одржан во април 1942 година, го изнесол ставт дека партизанската група што требала да се формира во Костурско не треба да излегува со грчки, туку со македонски симболи.

Во пролетта 1943 година Трповски формирал посебен македонски одред со командирот Паскал Михаиловски и комесарот Аргир Валсамов, но не доживеал да го види разгорот на НОБ. Лазо Трповски, на пат за Солун, заедно со други шестмина, бил убиен на 11 април 1943 година, од вооружените припадници на ПАО, во селото Имере, Кожанско.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.