|
||||
Борис Арсов |
Борис Арсов (1906 - 1954) е македонски социолог, универзитетски професор и член на АСНОМ. Студирал во Франција и се стекнал со две дипломи: по право и филозофија, Во 1936 година на Сорбона во Париз ја одбранил докторската теза: „La vie economique de la Macédoine au XIX siècle“. Во периодот 1937 и 1938 година, со група интелектуалци го издавал списанието „Луч“ во Скопје и бил негов уредник. Се вклучил во НОБ од самиот нејзин почеток. Во ноември 1944 година станал член на Законодавната комисија на Президиумот на АСНОМ, а во јануари 1945 бил наменуван за помошник-повереник за судството во Македонија. Борис Арсов е роден во 1906 година во Крива Паланка. Основно образование завршил во родното место, а гимназија во Куманово. Во текот на 1926 година заминал на студии на Универзитетот во Монпелје, Франција, каде што студирал право и филозофија. Тој се стекнал две дипломи, за завршен правен факултет и за филозофија. Во 1936 година, на Сорбона во Париз, Борис Арсов ја одбранил докторската теза „Економскиот живот во Македонија во XIX век“ или на француски „La vie economique de la Macédoine au XIX siècle“. Неговиот труд се темели на бројни документи, ракописи и теренски истражувања и го опфаќа економскиот живот на Македонија во рамките на Отоманската империја, пред поделбата на земјата. Оцој труд на Арсов бил објавен од МАНУ во 2000 година. По стекнувањето со докторска титула, Борис Арсов се вратил во Македонија. Во Скопје тој се поврзал со прврзаниците на автономна Македонија и во периодот 1937 и 1938 година со група интелектуалци го издавал месечното списание за култура, економија и социјални прашања „Луч“ и бил негов уредник. Пишувајќи на овие теми, Б. Арсов станал првиот македонски автор кој што пишувал социолошки трудови во 30-тите години од минатиот век. Во строго доверливиот извештај од 12 ноември 1937 година, кој од Скопје го испраќа до Началникот на одделението за средношколска настава при министерството за просвета во Белград. началникот на просветното одделение на Вардарска Бановина Љуб. М. Алексиќ, за луѓето кои го издавале списанието „Луч“ меѓудругото ќе напише: „Управата на полицијата во Скопје обрнала внимание и установила дека Ѓорѓи Киселинов како бивш бугарски воспитаник собрал околу себе група на изразити приврзаници на автономна Македонија и со нив почнал да го издава списанието „Луч“, со цел да се подига и поддржува автономистичкиот дух кај овдешното население, и дека средствата за издавањето и издржувањето на овој лист ги осигурил по пат на прилози од граѓаните, исто така приврзаници на автономна Македонија.“ Во текот на Втората светска војна, Борис Арсов се вклучил во Народноослободителната борба од самиот нејзин почеток. На почетокот на септември 1944 година Президиумот на АСНОМ го кооптира Арсов за член на АСНОМ. Во ноември 1944 година, тој станал член на Законодавната комисија на Президиумот на АСНОМ, а во јануари 1945 година бил наменуван е за помошник-повереник за судството во Македонија. Во 1953 година бил избран за професор на Правно-економскиот факултет во Скопје. Во наредната 1954 година, Борис Арсов починал во Скопје. |