Среда, 24 Октомври 2018    PDF Печати Е-пошта
Панче Васков

Vaskov-so-diploma

Панче Николов Васков (10. VI 1870 –1951) е македонски лекар и револуционер, деец на Македонската револуционерна организација (МРО). Дипломирал во Цариград во 1896 година и лекарската практика во Македонија ја започнал во Костур, каде што и покрај турскиот терор и грчката пропаганда ги поставил темелите на МРО. Познат под псевдоним Жапон, по враќањето во Велес, тој бил од најпознатите лекари во тој период во родниот град и околијата. Во илинденскиот период ги снабдувал револуционерните чети со лекови и преврзочен материјал. До пензионирањето во 1944 година, целосно бил ставен во служба на својот народ.

Панчо Васков е роден на 10 јули 1870 година во Велес. како четврто дете на велешанецот Никола Васков. Негов брат е Петар Васков, исто така македонски револуционер, деец на МРО.  

Во 1889 година, Панчо Васков завршил гимназија во Солун. По завршување на средно образование тој добил стипендија од велешката општина за да студира медицина во Цариград. Бил одличен студент и дипломирал медицина во Цариград во 1896 година.  

Уште како студент  Панчо Васков станал член на Македонската револуционерна организација и во 1895-1896 година бил избран за член на Цариградскиот револуционерен комитет. Исто така, тој се поврзал со Ерменското револуционерно движење и на денот на доделувањето на дипломите учествувал во демонстрациите на поробените Ерменци поради што бил затворен и набргу пуштен на слобода. 

Панчо Васков ја практикувал лекарската професија во Цариград, Костур, Конија и на други места. По доаѓањето во Костур, покрај лекарската пракса како градски и околиски лекар, тој обавувал и револуционерни активности.  И покрај крај турскиот терор и грчката пропаганда, Васков ги поставил темелите на МРО. Но, тој бил фатен од страна на турските власти и како еден од основачите на МРО бил осуден на доживотен затвор во Ќој Џааз во Мала Азија.  

Иако бил затвореник на Васков му било дозволено да го лечи населението во Мала Азија, кои го прогласиле за народен лекар. Тоа му овозможило на Васков да се поврзе со прогресивното движење, но и да даде голем придонес во запирањето на епидемиите на колера и чума. Турските власти му понудиле за висока плата и други бенефиции да остане во тој крај, но д-р Васков не ги прифатил. Сепак, за заслугите тој бил амнестиран од султанот.  

По амнестијата во 1900 година, д-р Васков се вратил во родниот Велес, каде бил назначен за градски и околиски лекар. Набрзо, тој станал еден од најпознатите лекари во тој период во родниот град и околијата. Васков имал големи заслуги и во борбата против маларијата и туберколозата во Велес.  

Панчо Васков додека престојувал во Велес со семејството живеел во куќата на неговиот вујко Андреја Коробар. А во таа куќа доаѓале Гоце Делчев, Петре Поп Арсов, Даме Груев, Ѓорче Петров. Исто така, во неа била формирана „Првата Македонска учителска комуна“ на познатите учители Ристо Крстов од Радовиш, Димитар Битраков од Охрид, Димитар Хаџи Динев од Дорјан. 

Васков дал свој допринос и за време на Илинденското востание 1903 година. Тој ги снабдувал македонските револуционерни чети со лекови и преврзочен материјал 

Едн дел од својот живот Панчо Васков го поминал и во градот на конзулите – Битола. Во Битола дошол околу Првата светска војна. Како лекар и голем хуманист, тој ги прегледувал и сиромашните  работници и не им земал пари за здраствените услуги.  И во овој град имал заслуги во борбата против маларијата и туберкулозата.   

До пензионирањето (1944), целосно бил ставен во служба на својот народ. За неговите дела и неговата хуманитарна дејност пишувале многу весници, а приказната стигнувала насекаде низ светот. 

Д-р Панче Васков доживеал длабока старост и починал на 81 година, во 1951 година во неговиот роден град Велес.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.