Среда, 26 Декември 2018    PDF Печати Е-пошта
Љупка Џундева

imagesЉупка Џундева

Љупка Арсова Џундева (11. VII 1934 – 7. XII 2018) е македонска драмска и филмска актерка. Завршила Државна театарска школа и станала член на Драмата на МНТ од 1951 година, каде што останала се до пензионирањето во 1990 година. Таа припаѓа на втората генерација актери на некогашната Висока театарска школа, а со тоа била дел од создавањето на поновата историја на театарската уметност во Македонија. Со својата става и пристап кон театарската сцена таа станала миленичка на широката театарска, филмска и телевизиска публика.

Љупка Арсоава Џундева е родена на 11 јули 1934 година во Скопје. Основно образование завршила во родниот град, а во 1948 година се запишала на Државната средна театарска школа во Скопје. По завршувањето на тетарската школа во 1951 година, веднаш била примена како артистка во Македонскиот народен театар. Таа останала верна на овој театар се до пензионирање во 1990 година.

Во текот на својата театарска кариера реализирала над 80 улоги меѓу кои: Даница во „Нажалена фамилија“ (1951), Анка во „Госпоѓа министерка“ (1953), Дивна во „Пепелашка“ (1953), Амелија во „Домот на Бернарда Алба“ (1956), Славка во „Д-р“ (1957), Стојанка во „Чорбаџи Теодос“ (1957), Маргот во „Дневникот на Ана Франк“ (1958), Силвија во „Игра на љубовта и случајот“ (1959), Коломба во „Волпоне“ (1961), Свршеничката во „Крвави свадби“ (1962), Коломба во „Коломба“ (1965), Ирина во „Матурска вечер“ (1966), Фосфорната жена во „Бања“, (1968), Розаура во „Венецијански близнаци“  (1968), Наталија Ивановна во „Три сестри“  (1970), Доилка во „Фарса за храбриот Науме“ (1971), Оливера Срезоска во „Ѕидот, водата“ (1973), Павлина во „Потоп“ (1974), Лиза Дроздова во „Бесови“ (1978), Ана Шукова во „Кенгурски скок“  (1979), Магда во „Габи“ (1982), Занаида во „Иванов“  (1984), Саветка во „Антица“ (1988), Аркадина во „Галеб“ (1990).

Љупка Арсоава Џундева играла во првиот македонски филм „Фросина“ (1952), во првата македонска комедија „Мирно лето“ (1961), во филмот „Македонска крвава свадба“ (1967), Оловна бругада (1980), Џипси Меџик (1997), Време живот (1999), како и во многу други театарски претстави, тв драми, монодрами и радиодрами.

Иако заминала во пензија од 1990 година, Љупка Џундева уште долги години била активна на театарската сцена. Нејзината последна улога на сцената на МНТ била во 2015 година, како Марина во претставата „Вујко Вања“ од Чехов во режија на Зоја Бузалковска.

Во текот на својот живот Љупка Џиндева подеднакво има настапувано во дела од домашната -македонска продукција и југословенска драматургија, во светска драмска класика и во сценски реализации од најпознати современи автори. Таа била член на театарскиот совет и на Уметничкиот совет на Драмата на МНТ.

Позната како тивката дама на македонското актерство, таа има отстварено голем број гостувања во поранешна Југославија, Италија, Словачка, Русија, Бугарија и други земји.

Во текот на својот живот за својот допринос кон културата Љупка Џундева ги има добиено наградите: Награда за животно дело „11 Октомври“, награда за животно дело „Војдан Чернодрински“, награда „13 Ноември“ на град Скопје, орден на трудот со сребрен венец, орден на трудот со златен венец како и други помали награди и признанија.

Љупка Арсова Џундева почина на 7 декември 2018 во Скопје.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.