Среда, 23 Јануари 2019    PDF Печати Е-пошта
Ѓоре Ценев

Goce CenevЃоре Ценев

Ѓоре Ценев (31. I 1955 – 25. IX 2018) е македонски физичар, астроном и публицист. Тој бил долгогодишен раководител на единствениот Планетариум во РМ во рамките на Младинскиот културен центар – Скопје (1980) и раководител на истражувачките проекти „Астрономија на македонскиот народ“ (1982), „Археоастрономска анализа на Мегалитската опсерваторија Кокино и другите локалитети во Република Македонија“ (2002), „Археоастрономска и етноастрономска база на податоци на Република Македонија“ (2006) и проектот „Номинација на Мегалитската опсерваторија Кокино на Листата на светското наследство на УНЕСКО“.

Ѓоре Ценев е роден на 31 јануар 1955 година во Радовиш. Во 1979 година дипломирал Физика насока инженерство на Институтот по физика при Природно математичкиот факултет во Скопје. Во наредната 1980 година се вработил на единствениот Планетариум во Македонија  во рамките на Младинскиот културен центар – Скопје, каде што генерации на ученици од основните и средните училишта имаат можност да се запознаат со астронимијата.

Две години потоа, Ценев започнал со истражувачка дејност. Во 1982 година во соработка со Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ од Скопје го започнал проектот „Астрономија на македонскиот народ“. Тој со група млади истражувачи работел на полето на етно-астрономија во Македонија. Во текот на овие истражувања кои во континуитет траеле над две децении биле собрани информации од над 1.000 анкетирани постари жители во околу 120 села на територијата на цела Македонија.

Во 2004 година, Ценев кој е еден од ретките Македонци што целиот свој работен век и' го посветил на астрономијата, ја публикува книгата „Небото над Македонија“. Во неа се објавени резултатите од 22 годишното собирање на материјали за имињата, верувањата и обичаите на македонскиот народ поврзани со небото.

Врз основа на овие истражувања, за полесен опис и за визуелизација на народната престава на небото, беше издадена и Ѕвездана карта на македонскиот народ. Ваквите карти се ретки во светот, а според обемноста и конзистентноста на погледот на светот, како што ќе забележи Ценев, „македонскиот народ има со што да се гордее“.

Од 2002 година, Ценев работи на „Археоастрономска анализа на Мегалитската опсерваторија Кокино и другите локалитети во Република Македонија“. Во соработка со Археолошкиот музеј од Куманово, во археоастрономската анализа на археолошкиот локалитет „Кокино“ докажал постоење на древна астрономска опсерваторија и дека таму бил изработуван лунарен календар. Истражувањата биле презентирани пред научниот свет и во 2006 година тоа го потврдила и вселенската агенција НАСА, која локалитетот „Кокино“ го ставила на четврто место во листата на најстарите опсерватории во светот, веднаш по познатите опсерватории на локалитетите Абу Симбел во Египет, Стоунхенџ во Велика Британија и Ангкор Ват од Камбоџа. Денес „Кокино“ како една од најпознатите древни опсерватории во светот, привлекува голем број на туристи.

Ѓоре Ценев работел и на проектите „Археоастрономска и етноастрономска база на податоци на Република Македонија“ (2006) и проектот за „Номинација на Мегалитската опсерваторија Кокино на Листата на светското наследство на УНЕСКО“.

Во 2008 година, Ценев бил избран за прв асистент по предметот Астрономија на Институтот за физика на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Ценев бил и основач и активен учесник во работењето на Македонското астрономско друштво, Скопското астрономско друштво, Македонското истражувачко друштво, каде што со својот ентузијазам се вклучува во голем дел од програмските активности и едукација.  Меѓудругото, тој бил главен и одговорен уредник на списанието на младите истражувачи „Активус“ (2004) и на месечното списание за астрономија „Вселена“ (2007). Автор е на учебник по Астрономија и книгите „Ancient secrets of Kokino observatory", "Earth Today", како и бројни текстови и научни трудови во домашни и светски списанија.

Ѓоре Ценев починал на 25 септември 2018 година во Скопје.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.