|
||||
Милан Стоилов |
Милан Стоилов Милан Стоилов (14. I 1881 – 6. IX 1903) е македонски револуционер, член-основач на ТМОК (1900–1903) и член-основач и секретар на МНЛД во Санкт Петербург (1902–1903). По објавувањето на Илинденското востание, заедно со неколцина други членови, заминува во Македонија и загинува како востаник во борба со Турците кај кочанското село Витоша. Милан Трајков Стоилов е роден на 14 јануари 1881 година во Кукуш, Егејскиот дел на Македонија. Во 1892 година завршил основно училиште во Кукуш, а во 1895 година трикласно училиште во родниот град. Потоа своето образование го продолжува во Егзархиската духовна семинарија во Цариград, која ја завршил јули 1902 година. На 14 август 1902 година, Милан Стоилов веќе пристигнал во Русија и во септември се запишал на Военомедицинската академија во Санкт Петербург. Во С. Петербург, Стоилов веднаш станал член на Тајниот македонско-одрински кружок (ТМОК), а меѓу првите и потписник на основачкиот акт на Македонското научно-литературно другарство (МНЛД). На второто заседание на Другарството, кое се одржува на 29. декември 1902 година бил избран и за секретар-записничар. По објавувањето на Илинденското востание, Милан Стоилов заедно со група студенти, , заминува во Македонија. Милан со неколцина други членови како Јули Розентал и Александар Соколов се вклучува во четата на Никола Дечев. На патот кон внатрешноста на Македонија четата е пречекана од турски аскер меѓу селата Витоша и Лески, На 5 септември 1903 година Александар Соколов, Марко Марков (студент-математичар) и Милан Стоилов загинуваат како востаници во борба со Турците кај кочанското село Витоша. |