Среда, 20 Март 2019    PDF Печати Е-пошта
Никола Парапунов

parapunovНикола Парапунов

 

Никола Парапунов - Владо  (1. VII 1909 – 9. XII 1943) е македонски револуционер, истакнат организатор и раководител на партизанското антифашистичко движење во Пиринскиот дел на Македонија. Во 1933 година бил уапсен и осуден на 15 години затвор. Во затворот раководел кружоци и држел предавања за националното прашање, посебно за македонското. По излегувањето од затвор во 1941 година, станал еден од првите партизани во Пиринскиот дел на Македонија. Бил командир на Разлошката чета и командир на Четвртата Горноџумајска востаничка оперативна зона на НОВА. Се застапувал за заедништво на партизанските движења од трите дела на Македонија. Загинал во заседа од бугарската војска и полицијата.

Никола Парапунов  е роден на 1 јули 1909 година во Разлог, во семејство на шивачки работник. Во 1924 година, по завршувањето на трети клас во месната седмолетка, Никола продолжил да се школува во средното техничко училиште во Софија, градежна насока. Уште како ученик станал член на сојузот на комунистичката младина – Комсомол, а по завршувањето на школувањето се вратил во родниот град каде работел и соработувал со тогашната  ВМРО (об.)

Во 1931 година, Парапунов станал член на БКП, а на почетокот на наредната година станал член на окружното раководство на БКП во Петрич. Во 1933 година, поради својата комунистичка дејност. Парапунов бил уапсен и осуден на 15 години затвор. Во затворот раководел кружоци и држел предавања за националното прашање, посебно за македонското.

Никола Парапунов бил во затвор се до 1941 година. По излегувањето од затвор, преминал во илегала и станал еден од првите партизани во Пиринскиот дел на Македонија. На 26 јули 1941 година тој ја организирал Разлошката партизанска чета, првата вооружена партизанска формација во Бугарија.

Парапунов ги иницирал почетоците на партизанското движење во Пиринскиот дел на Македонија и Бугарија. На територијата на Пиринска Македонија, не само што во 1941 година ќе се оформат партизански одреди под водството на Парапунов, туку во Пиринска Македонија ќе се одигра и првата вооружена борба против бугарската војска и воопшто првата вооружена битка против фашистичките окупациски војски на Балканот.

По основањето на Отечествениот фронт (ОФ) во 1942 година, Никола Парапунов работел за развој на неговите структури во Пиринска Македонија. Тој бил секретар на Окружниот комитет на БКП и на IV востаничка оперативна зона (IX 1941).

Меѓутоа, Парапунов дошол во судир со ЦК на БКП за прашањето за оружената борба и раководниот состав на IV ВОЗ. Имено, Парапунов се застапувал за заедништво на партизанските движења од трите дела на Македонија и нејзино обединување.

На почетокот од 1943 година Парапунов станал член на ЦК на БКП, но на крајот од истата година загинал кај месноста Сува Чешма, во близина на селото Бараково.  Никола Парапунов загинал на 9 декември 1943 година во заседа од бугарската војска и полиција кај селото Бараково, по патот за Горна Џумаја.

По неговата смрт Разлошкиот партизански одред го носи неговото име, а македонскиот народ ја испеал песната „Имала мајка едно ми чедо“:

„Имала мајка едно ми чедо
едно ми чедо Никола.
Очите ѕвезди, лице трендафил,
левенто чедо крилато.

Ееееј Никола,
ееееј јунак пирински.


Му здодеало од чорбаџии,
од клето ропство фашистко.
Тргнал Никола в бој да се бие
за наша мајка Македонија.

Ееееј Никола,
ееееј јунак пирински
.

Дигнал ми глава херој Никола
за правда и за слобода.
Тргнал Никола в бој да се бие
за наша мајка Македонија.

Ееееј Никола,
ееееј јунак пирински.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.