|
||||
Парменион |
Парменион Парменион (400 - 330 пр.н.е.) е еден од најистакнатите антички македонски војсководци и советодавци на Филип II и Александар III Македонски. Ја раководел македонската претходница на азиската експедиција на Филип II (336 пр.н.е.). Го придружувал Александар III како втор по ранг во командувањето на битките кај Граник (334 пр.н.е.), Исос (333 пр.н.е.) и Гавгамела (331 пр.н.е.). Подоцна добил задача да го засолни персиското кралско богатство во тврдината во Егбатана (во Медија). По налог на Александар, бил убиен поради сомнение дека учествувал во заговорот против него предводен од син му Филота, кој исто така бил погубен. Парменион бил роден во 400 г. пр. н. е. во благородничка македонска фамилија. Тој својата воена кариера веројатно ја започнал на дворот на кралската куќа на Аргеади уште за време на Аминта III, таткото на Филип. За време на владеењето на Филип II (359-336 п.н.е.), Парменион активно учествувал во неговите планови да ја претвори Македонија во голема балканска држава, која се протега од Јонското Море до Понт. Тој постигнал голема победа над Илирите во 356 п.н.е. Десет години подоцна, Парменион го уништи јужниот тесалски град Халос. Тој бил еден од македонските делегати назначени да склучат мир со Атина во 346 п.н.е. и бил испратен со армија која го надгледувала македонското влијание во Евбеја во 342 п.н.е. Во 336 п.н.е. Филип II кој го сметал Парменион за највреден командант го испратил со 10.000 војска во Анадолија да направат подготовки за ослободување на поробените градови од персиската власт. Отпрвин, градовите се побуниле се додека не дојде веста дека Филип бил убиен и дека бил наследен од неговиот млад син Александар. По смртта на Филип, Македонците биле деморализирани и поразени од страна на Персијците под команда на грчкиот наемник Мемнон од Родос. По поразот, Парменион се вратил од кампањата во Мала Азија и го признал авторитетот на Александар. Иако Александар бил признат како крал на Македонија во октомври 336 п.н.е., сепак на почетокот неговата позиција ја оспорил Аттал, генерал во армијата на Парменион. На тоа реагирал самиот Парменион кој го осудил Атал на смрт, иако бил близок со него. Како последица на овој чин, Парменион станал највлијателен генерал на Александар и командувал со голема војска од 24.000 војници. Исто така, голем број роднини на Парменион, Александар ги поставил на клучните позиции во македонската армија, а најстариот син на Парменион, Филота, бил поставен за командант на коњаницата, која броела 1800 коњаници и била најефикасното оружје на Македонија во битките, додека другиот син Никанор, командувал со пешадиски корпус. Парменион како втор во командата на Александар, истата позиција што ја држеше и под Филип, станал помоќен и од самиот крал. Под негова контрола биле најважните командни позиции, а неговиот талент на командант особено ќе се манифестира во текот на Азиската кампања, за време на големите битки на Александар: на реката Граник, кај Ис и Гавгамела. Во 334 п.н.е., Александар со војска се приклучил на Парменион во Анадолија, со што започна кампањата на Александар против Персија. За време на големите битки што следеа, Парменион командуваше со левото крило, додека самиот Александар командуваше со десното крило.
По битката, Парменион го зазел персиското упориште Дасцилиум, главен град на Хелеспонтинска Фригија. Во меѓувреме, Александар ги ослободил градовите во Анадолија, вклучувајќи ги Сардес, Ефес, Милет и Халикарнас. За време на зимата 334-333 п.н.е., кралот минал низ Ликија. Во исто време, Парменион ја нападна централната Анадолија од запад, ги истерал останатите персиски војници и го завзел регионот. Двете сили се сретнале во април 333 п.н.е. во Гордиум, главниот град на Фригија. Армијата потоа се пресели на исток во Киликија, каде што Парменион го зазеде Тарс. Александар планирал да го нападне Дариј во Сочи. Сепак, персискиот крал со неговата голема војска ги преминал Амануските Планини, го завзел Ис и потоа ја прекинал единствената македонска линија на снабдување. Битката меѓу двете сили се одржала јужно од Ис во ноември 333 п.н.е. Македонците беа победници, иако персиската војска беше многу поголема, главно поради тоа што Парменион успеа да се спротивстави на нападот на Персијците. Ова му даде шанса на Александар да започне контранапад. Се наведува дека Парменион советувал ноќен напад во 331 година п.н.е. врз собраните сили на Дариј во Битката кај Гавгамела, што Александар ги зел како доказ дека Дариј ќе ги одржува своите војници на готовс ноќта и ќе им овозможи на Македонците одредена предност ако тие се одморат за битка на дневна светлина. Подоцна Парменион добил задача да го засолни персиското кралско богатство во тврдината во Егбатана (во Медија). Тој ќе продолжи да има значајно влијание во командувањето до освојувањето на Вавилон. Улогата на командантот на левото крило била критична во целокупната македонска шема и филозофија на битка, дозволувајќи му на кралот да го зададе решавачкиот удар. Меѓутоа со текот на времето, разликите меѓу Парменион и Александар се појавија во воени, политички и стратешки прашања. Во 330 г. пр.н.е., по освојувањето на Дрангиана, Александар бил информиран дека Филота, син на Парменион, бил вмешан во заговор против неговиот живот. Филота бил осуден на смрт, а Александар, плашејќи се од последиците ако му дозволил на таткото да живее, испратил наредби во Медиа за да се убие Парменион. Иако немаше доказ дека бил вмешан во заговорот, Парменион немал можност да се брани. Едноставно тој би станал сериозна закана за Александар, особено што тој командувал со војска која била стационирана во близина на државната каса на Александар и неговите линии на снабдување.Од друга страна, како глава на семејството, Парменион бил одговорен за постапките на синот Филота, и покрај недостатокот на докази што ги поврзувал со него. Затоа Александар постапил брзо и ги испратил Клиндер и Ситалк со тркачки камили низ пустината по најкраткиот пат за да го убиат Парменион. Пред веста да стигне до Парменион, по наредба на Александар, двајцата офицери пристигнаа и со мечовите смртно го прободоа Парменион. |