Среда, 01 Мај 2019    PDF Печати Е-пошта
Божидар Видоески

111Божидар Видоески

Божидар Видоески (8. XI 1920 – 16. V 1998) е македонист, славист, основоположник на македонската модерна дијалектологија и ономастика, дописен член на МАНУ од 1969 и редовен од 1974 година. Исто така, тој е странски член на ХАЗУ (тогашна ЈАЗУ) од 1986 г., на Полската академија на науките и уметностите (ПАНУ)  од 1994 г., на САНУ од 1997 г. и др. Се смета за татко на македонската дијалектологија. За својата научна работа и за заслугите околу организацијата на науката во Р. Македонија добитник е на високи награди и признанија.

Божидар (Божо) Видоески е роден ма 8 ноември 1920 година во село Звечан, Порече/Бродско. Пред Втората светска војна гимназија учел во Прилеп, Крагуевац и Скопје, а матурирал во Чачак во 1941 година. По завршувањето на војната студирал на Филозовскиот факултет во Скопје на групата Македонски јазик.

По дипломирањето во 1949 година, Видоевски останал да работи како асистент на Филозофскиот факултет во Скопје. Докторската дисертација тој ја одбранил на истиот факултет во 1957 година, а наредната 1958 година бил избран за доцент. Во 1964 година бил избран за вонреден професор по македонска дијалекгологија.

Во 1959 година Божидар Видоески бил на специјализација во НР Полска. Во текот на својот престој на Варшавскиот универзитет, тој организирал неколкумесечен курс за македонски јазик. Не цела деценија  подоцна, во 1967/68 година Видоески престојувал и во Келн, СР Германија, каде како професор-гостин предавал македонски јазик.

Видоески има големи заслуги за организација на македонската наука за јазикот и нејзината афирмација во светски рамки. Учествувал со реферати на новеќе меѓународни и национални конгреси и држел предавања во повеќе славистички центри во земјата и во странство. Во меѓународните славистички кругови станал познат како успешен директор на Меѓународниот семинар за македонскиот јазик, литература и култура (1970&1978).

Објавил голем број трудови од областа на македонскиот современ јазик, на македонската топономастика, а особено од областа на македонската дијалектологија. Во Институтот за македонски јазик ,,Крсте Петков Мисирков“ раководи со работата на Македонскиот дијалектолошки атлас. Како член на Меѓуакадемискиот одбор за дијалектолошки атласи, учсствувал во работата на комисиите по фонетика, лексика и семантика на ОЛА.

Видоески предложил детална разгранета класификација на македонските дијалекти, заснована врз генетски и типолошки критериуми и ја претстави на низа карти, утврдувајќи го прецизно текот на околу 200 изоглоси клучни за таа класификација. Монографски ги обработил сите основни дијалектни комплекси што ја дефинираат македонската јазична територија, опишувајќи ги нивните фонолошки и морфолошки системи.

Во текот на својата кариера Видоески бил продекан на Филозофскиот факултет во Скопје, потпретседател на Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература, член на Советог на Филозофскиот факултет и на Институтот за фолклор. Член е на Научниот совет на Институтот за македонски јазик ,,Крсте Петков Мисирков“ и на повеќе научни и општествени организации од градско, републичко и сојузно значење.

За дописен член на Македонската академија на науките и уметностнте Видоески е избран на 25 декември 1969 година, а за редовен член на 26 декември 1974 година. Исто така, тој е странски член на ХАЗУ (тогашна ЈАЗУ) од 1986 г., на Полската академија на науките и уметностите (ПАНУ)  од 1994 г., на САНУ од 1997 г. и др.

За својата научна работа и за заслугите околу организацијата на науката во Република  Македонија, Божо Видовски добитник е на високи награди и признанија. Тој е одликуван со Орден на трудот со златен венец и добитник е на Октомвриската награда за 1964 година.

Божидар (Божо) Видоески починал на 16 мај 1998 година во Сремска Каменица, Србија.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.