Среда, 12 Јуни 2019    PDF Печати Е-пошта
Невена Георгиева - Дуња

1Невена Георгиева - Дуња

Невена Георгиева (25. VII 1925 – 6. XII 1942) е македонска револуционерка, организатор и учесник во оруженото востание во Македонија (од 1941). Таа е припадничка на младинското, синдикалното и работничкото движење меѓу двете светски војни и со своите 16 години, била најмладата партизанка во Првиот скопски партизански одред, формиран во летото на 1941 година и прва жена партизан во партизанските одреди на Македонија.

Невена Николова Георгиева е родена на 25 јули 1925 година во Скопје. Меѓу двете светски војни станала припадничка на младинското, синдикалното и работничкото движење. Со своите 16 години, од 1941 година, како младинска активистка учествува во подготовките за оружено востание во Македонија.

Во летото 1941 година Невена Георгиева е меѓу првите 12 борци кои влегуваат во Првиот скопски партизански одред, кој е формиран на 22 август кај месноста Чифлик во близина на Скопскиот градски парк. Во пресрет на зимата и по почетните порази во пресметките на прилепскиот и кумановските одреди со окупаторот, била донесената одлука за привремено расформирање на одредот на 2 ноември 1941 година, што е извршено кај село Злокуќани.

По одлуката за расформирање, шестмина борци од Скопскиот партизански одред илегално се префрлаат во Велес со намера да се приклучат на Прилепскиот партизански одред. Во групата се: Васил Антевски - Дрен, Благоја Давков, Боро Боцевски, Даме Крапчев, Боро Ончев и  Невена Георгиева – Дуња.

Меѓутоа, поради отежнатите зимски услови и одлуката на ПК КПЈ за Македонија за расформирање на одредот, наместо кон Прилепско за да се придружи на Првиот прилепски партизански одред „Гоце Делчев“, Невена Георгиева – Дуња по добивањето на илегалната задача во ноември заминала за Струмица. Таму помагала во подготовките за излегувањето на Струмичкиот партизански одред во летото 1942 година.

Во меѓувреме, во мај 1942 година, Невена Георгиева – Дуња била осудена во отсуство на 7 години строг затвор. Во втората половина на септември 1942 година, таа станала борец на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“.

По учеството во повеќе успешни акции на одредот, Невена Георгиева – Дуња загинала во судир со бугарската полиција и контрачетниците на 6 декември 1942 година кај велешкото село Нежилово. Откако тешко ја раниле, за да го заплашат народот и ја отсекле главата и ја набиле на кол и така ја шетале низ велешките села. Во Велес нејзината глава пак била ставена во еден централен излог.

Во чест на Невена Георгиева – Дуња се испеани неколку песни од НОВ, меѓу кои и песната „По поле одат аргати“:

„По поле одат аргати,

аргати млади невести,

афион ќе ми копаат,

по тие ниви велешки.

Патот го води Гроздана,

Гроздана, мома убава

и по неа Невена,

Невена Георгиева.

Песни ми пеат ајдучки,

ајдучки, ем партизански

и во песните зборуваат:

„смрт или слобода“. “

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.