Среда, 19 Јуни 2019    PDF Печати Е-пошта
Ташко Белчев

Tasko BelcevТашко Белчев

Ташко Белчев (18. III 1926 – 8. II 2015) е македонски славист, писател и палеолингвист од Егејскиот дел на Македонија.  Учествувал во Грчката граѓанска војна од 1947 до 1949 година Познат е по своите тези за античките корени на македонскиот народ, како и за неговите тврдења за постоење на древна, милениумска македонска писменост.

Ташко Белчев е роден на 18 март 1926 година во леринското село Пателе, Егејскиот дел на Македонија. Завршил образование во родното село, а средното училиште во Битола во 1947 година. Потоа зел учество во Грчката граѓанска војна од 1947 до 1949 година.

Во текот на борбите Ташко Белчев бил ранет и како партизан лежи во полската болница во Горица, во Албанија. Од таму заедно со неговата соптруга бил префрлен во Полска, каде се стекнал со високо образование. Студирал во Вроцлав и Варшава. 

Во 1960 година Ташко Белчев се вратил во Македонија. Се населил во Скопје. Околу 1960 година, имал идеја да го оживее весникот "Гласот на егејците", поради што бил следен од УДБ-а, под сомнение за антидржавна дејност.

Во 1961 година Ташко Белчев почнал да работи како доцент на Одделот за славистика на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Скопје. Во 1972 година ја одбранил својата докторска дисертација во Скопје, во истиот оддел каде што работел како вонреден професор.

Ташко Белчев е основач на Одделот за полонистика (Катедра за полски јазик и книжевност). Тој е автор на универзитетски учебници: „Синтакса на современиот македонски литературен јазик“, Вроцлав 1957. Скопје 1980 година; „Преглед на полската литература“, Скопје 1979; „Руски јазик за студентите од Филолошкиот факултет“, Скопје 1984; „Руски јазик за студентите од Економскиот факултет“, 1980 година.

Покрај учебници Белчев пишува поезија и проза. Од поезијата се познати делата: „Пориви“ (1962), „Бранот на југовината“ (1963). „Цар Самоил“ (1963). „Афродита“ (2000), „Спомени“ (2004), а од проза: збирката раскази со наслов „Мирка“ (1964), „Маченици“ (1999); „Поклонение“ (2000), „Ронка македонизам вон границите на Македонија“ (1985).

Сепак вниманието на јавноста го привлекува со делата од областа на древната македонска писменост: „Македонија четири илјадни години писменост цивилизација и култура“ книга 1 (1993); „Македонија четири илјади години писменост цивилизација и култура“ книга 2 (1996);

„Македонија четири илјади години писменост цивилизација и култура“, Македонија центар на венетска цивилизација на Балканот и пошироко книга 3 (1995); „Македонија четири илјади години писменост цивилизација и култура - Македонија центар на современата теогонија“ книга 4 (1996); „Орфеј горпеј“ книги 1- 12, (во период од 1997до 2008).

Ташко Белчев има напишано и објавено преку стотина натписи и студии од тетралогија Македонија девет милениуми писмена цивилизација и култура, а повеќето од нив се објавувани во списанијата и весниците: „Македонија за иселениците“, „Македонско сонце", „Ден“, „Вечер“, „Нова Македонија“, „Македонско време", „Јазикот во практика“, „Македонија" весник на нашите иселеници во Мелбурн, Австралија.

Ташко Белчев почина на 8 февруари 2015 година во Скопје.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.