Среда, 16 Октомври 2019    PDF Печати Е-пошта
Ана Малешевска

anaАна Малешевска

Ана Малешевска (12. V 1871 – 1942) е македонска револуционерка и учителка, учесничка во Илинденското востание, ќерка на Никола Малешевски, пунктов началник на ТМОРО во Дупница. Влегла во четата на кукушкиот окружен војвода Крсто Асенов (во пролетта на 1903). На Илинден (1903), при осветувањето на востаничкото знаме, се венчала со Крсто Асенов во црквата во село Корнишор. Поради тоа војводата Асенов бил убиен од негов четник. По овој драматичен настан Ана заминала од четата и се посветила на учителската дејност.

Ана Малешевска е родена е на 12 мај 1884 година во градот Дупница. Таа е ќерка на пунктовиот началник на ТМОРО во Дупница Никола Малешевски и неговата сопруга Елена. Таа е најголемото од шесте деца во семејството на Никола Малешевски, кој по неуспехот на Разловечкото востание во 1876 година се преселил од Берово во Дупница.

Во домот на Никола Малешевски, кој станал член на Македонската револуционерна организација и пунктов началник на ТМОРО во Дупница, често престојувале Гоце Делчев, Ѓорче Петров и други видни дејци на Македонската револуционерна организација. Нивното присуство ќе влијае на идниот живот на Ана Малешевска.

Основното образование Ана го завршил во Дупница. Во летото 1898 година, Гоце Делчев му препорачал на нејзиниот татко да ја испрати да учи во Солунската женска гимназија. Веќе во 1901 година, Ана Малешевска ја завршила гимназијата и почнала да учителствува во Кукуш.

Набргу Ана се вклучила во Македонската револуционерна организација и се заљубила во Крсто Асенов. Таа влегла во Македонската револуционерна организација и во четата на окружниот војвода Крсто Асенов во пролетта 1903 година. Припремајќи се за Илинденското востание, Ана со помош на Рајна Измерлиева го шие знамето на четата.

По осветувањето на востаничкото знаме во црквата Корнишор, Ана била поставена за знаменосец на четата на Асенов. Истовремено во истата црква, Ана се омажила за војводата Крсто Асенов. Меѓутоа, романтичната љубов кратко траела. Поради суеверие, сметајќи дека нема место на жена во четата, или дека нема место за љубав и кон Ана и кон Македонија, четниците се договориле да го убиат војводата за време на првата брачна ноќ велејќи дека „Ние ќе правиме востание, а тој ќе се жени“. Асенов бил убиен од четникот Мицо Големанов по наредба на Гоне Бегинин. Убиецот се обидел да ја застрела и Ана, но пушката му затаила.

По овој инцидент, Ана Малешевска се криела долго време. Таа зад себе не оставила никаква трага и немејќи никакви вести за неа, една година по востанието, нејзините роднини заклучиле дека е убиена и објавиле некролог и направиле опело.

По извесен период Ана се вратила во својот дом и од 1905 до 1934 година била учителка во училиштето „Отец Паисиј“ во Дупница. Тука, таа го запознала и го продолжила својот живот со главниот учител, Асен Мазанов, по потекло од Крива Паланка. Имаат две ќерки - Катја и Елена.

Ана Малешевска починал на 28 март 1941 година во Дупница, каде една улица го добила името по неа.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.