|
||||
Симеон Клинчарски |
Симеон Клинчарски Симеон Геиргиев Клинчарски (1866 – 18. VIII 1921) е македонски револуционер, војвода на ТМОРО и ВМРО. До 1912 година, тој беше самостоен војвода во Кочанско, во кој Тодор Александров беше секретар извесно време. Познат уште како Симеон Кочански, Клинчарски е едно од најверните лица на Тодор Александров, кој дејствува источно од реката Вардар. Симеон Геиргиев Клинчарски е роден во 1866 година во кочанското село Пресека. Во 1897 година влегува во ТМОРО, а во 1903 година Клинчарски бил четник кај Христо Чернопеев. Во 1904-1905 година бил во четата на Крсто Блгаријата. По 1907 година, до 1912 година, тој бил самостоен војвода во Кочанско, во кој извесно време бил секретар Тодор Александров. На 1 февруари 1910 година, бил направен неуспешен обид за да го убијат Клинчарски во Пресека. На 29 октомври, Клинчарски со еден од неговите четници биле откриени од воена патрола во Пресека. За време на престрелката четникот загинал, додека војводата успеал да избега. На почетокот на Балканската војна во 1912 година, Клинчарскибил војвода на Кочанската партизанска чета бр. 35 на Македонско-јодринското опочление. Подоцна бил на чело на Коченската чета, служел во 13-та Кукушка дружина, во Штабот на 3-та бригади на МОО, а за време на Втората балканска војна се наоѓал во Здружената партизанска чета. За своите заслуги награден е со Орден за храброст, IV степен. По војната тој продолжил да дејствува со својата чета во Кочанско. Кога Бугарија влегува во Првата светска војна во ноември 1915 година, четата на Симеон Георгиев стана кочански позадинска вод на Партизанскиот одред на Единаесеттата пешадиска македонска дивизија. Водот на постариот подофицер Георгиев водел борби по Осогово до врвот Калиманица и меѓу Султан Тепе и Градец планина. По Првата светска војна, Клинчарски се населил во Ќустендил и станал помошник на пунктовиот началник на ВМРО во градот. Истовремено тој е еден од најверните лица на Тодор Александров, кој дејствува источно од реката Вардар. По договорот во мај 1921 година меѓу Кралството СХС и Царска Бугарија, Клинчарски станал жртва на напорите на владата на Александар Стамболиски да го запре префрлањето на македонските чети во Вардарска Македонија. Осомничен за координација на оваа активност во Ќустендил, Клинчарски е уапсен на 29 јуни 1921 година, по наредба на министерот за одбрана Александар Димитров. За време на неговото апсење, откриени се документи кои подоцна го поврзале со убиството на Ѓорче Петров претходниот ден во Софија. За врене на испитувањето, Клинчарски бил подложен на тешки измачувања, а потоа иследниците Стојче Добрев и Христо Даскалов од Смилево го одвеле Симеон Клинчарски во селото Жиленци, Ќустендилско, каде го убиваат по наредба на Александар Димитров. Според друга верзија, тој починал за време на полициска тортура, по што неговото тело било фрлено во Жиленци. Симеон Геиргиев Клинчарски починал на 18 август 1921 година. За одмазда неколку месеци подоцна бил убиен Александар Димитров од членови на ВМРО. Убијците на Клинчарски избегале во Србија, каде Добрев го презел кормилото на српските контра напади и Даскалов бил назначен за полициски инспектор во Битола. |