|
||||
Лазар Делев |
Лазар Делев Лазар Делев (1875 - 1938) е македонски револуционер, војвода на Македонската револуционерна организација. Како член на Македонската револуционерна организација извршувал терористички и куриорски задачи. Иако невин, бил упасен и лежел во гевгелискиот затвор и во Едикуле во Солун.Учествувал во Илинденското востание и балканските војни. Со војводата Аргир Манасиев се борел против грчката вооружена пропаганда. Лазар Делев е роден во 1875 во бојмишкото село Ореховица, Егејскиот дел на Македонија. Бил самоук, па по преселбата во Солун, работел како работник во железничкото депо на Солунската железничка станица. Набрзо станал член на Македонската револуционерна организација, за која извршувал терористички и куриорски задачи. Во мај 1898 година бил уапсен за убиството на лидерот на гркоманската партија во Гевгелија Христо Цицов. Иако не зел учество во убиството, Делев лежел во гевгелискиот затвор до ноември, а потоа бил затворен во Еди куле во Солун. И покрај притисокот на грчкиот конзул во Солун и солунската митрополија, на 10 август 1899 година бил ослободен, откако судот пресудува дека е невин. По ослободувањето, Лазар Делев се придружил на четата на месниот војвода Иванчо Карасулијата и учествувал во Илинденското востание, борејќи се во Горноџумајско заедно со Илија Балтов и Христо Саракинов. Во 1905 година Лазар Делев, познат како Оревски, станал самостоен гевгелиски војвода и заедно со другиот гевгелискиот војвода Аргир Манасиев се бореле и ги одбиле четите на грчката вооружена пропаганда. Во неговата чета бил и Дељо Василев, кој од 1906 година бил назначен за самостоен гевгелиски војвода. По избувнувањето на Балканската војна во 1912 година, тој бил назначен за војвода на партизанската чета број 44 на Македонско-одринското ополчение, која броела 25 борци. Таа напредува по долината на реката Струма со четите на Дончо Златков, Никола Герасимов и Тане Николов. Тој учествувал во борбите кај Осеново, Сенокос и други места, а подоцна бил во Сборната партизанска единица на Македонско-одринското ополчение. Лазар Делев умира во 1938 година, во Софија. |