Среда, 29 Јануари 2020    PDF Печати Е-пошта
Маслина Грнчарова

MaslinaМаслина Грнчарова

Маслина Иванова Грнчарова (1874–1958) е македонска учителка и револуционерка, деец на ТМОРО. Како учителка во Димотика (Тракија), станала член на ТМОРО во 1895 година. Поради членството во ТМОРО, била уапсена и осудена, а казната ја издржувала во затворот во Корча (Албанија). Позната како Рајна кнегињата од Костур, по излегувањето од затвор, била секретар на Централната комисија на ТМОРО и член на Костурскиот окружен комитет на ТМОРО. Заедно со учителката Елена Минасова, таа го извезла знамето на Д’мбенската чета. Таа зела учество во Илинденското востание во 1903 година и го шие и развива знамето во Загоричани. Со посебна храброст се истакнала при ослободувањето на Невеска.

Маслина Иванова Грнчарова е родена во 1874 година во костурското село Загоричани во Егејскиот дел на Македонија. Татко и се викал Иван, а нејзиниот брат Вангел. Таа ја завршила Солунската женска гимназија. По завршувањето на гимназијата таа почнала да учителствува во егзархиското училиште во Демотика (Тракија), каде во 1895 година станала член на  Тајната  Македонската револоционерна организација (ТМОРО), Потоа била учителка во Сорович и Зеленич и истовремено вршела курирски должности за Организацијата.

Заедно со учителката Елена Минасова го извезла знамето на Д’мбенската чета на ТМОРО. Во 1901 година, таа се вратила на кратко во родното село каде имала средба со Гоце Делчев. Поради членството во ТМОРО, била уапсена заедно со Манол Розов, Лазар Поптрајков и Павел Христов и осудена, а казната ја издржувала во затворот во Корча (Албанија).

По излегувањето од затвор, Маслина Грнчарова била назначена за секретар на Централната комисија на ТМОРО и член на Костурскиот окружен комитет на ТМОРО. На оваа позиција таа помогнала во планирањето на Илинденското востание. Таа како активен комита зела учество во Илинденското востание во 1903 година.

Маслина го шие и на 2 август 1903 година, качена на коњ, го развива знамето на нејзиниот командант Манол Ризов во Загоричани. Со посебна храброст се истакнала при ослободувањето на Невеска. По повторното апсење во август 1903 година Маслина Грнчарова била амнестирана и се вратила во родното село.

По Првата светска војна (1914 - 1918), по договорите за размена на насление Калфов – Политис и Молов  - Кафандарис (1927), најголем дел славјанскот население принудно било иселено од Егејскиот дел на Македонија. Маслина Грнчарова емигрирала во Бугарија, каде учителствувала во селото Пастух.

Во 1928 година, на вториот редовен конгрес на Македонскиот женски сојуз, Грнчарова влегла во раководното тело на организацијата како соработничка.

Маслина Иванова Грнчарова никогаш повеќе не го видела својот роден крај слободен. Таа умира во 1958 година во Криводол, Бугарија. Зад себе остава кратки спомени за револуционерното движење, во кое вели: „ ...мојата активност беше во служба на оние што носеа пушки. Ги пречекувавме четите, носевме леб, за избеганите од Иванчовата афера ангиравме куќи - да се сокријат од напади. Мојата активност, кога бев слободна, беше за други, а не за мене ... Пред Илинден, јас станав централна врска помеѓу војводите и реонските началници. Останав така и потоа во целиот наш Костурсски реон ... “

masl

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.