Среда, 26 Февруари 2020    PDF Печати Е-пошта
Димитрие Османли

dimiДимитрие Османли

Димитрие Османли (29. V 1927 - 13. III 2006) е македонски филмски, театарски и телевизиски режисер, сценарист и педагог. Тој е прв македонски дипломиран филмски и театарски режисер. Првите контакти со филмот и кинематографијата ги остварува со помош на Милтон Манаки, Покрај четирите играни филмови, има реализирано и дваесетина документарни, како и повеќе од дваесет телевизиски остварувања. Тој е режисер на првата комедија во македонската кинематографија „Мирно лето“ (1961), на првата ТВ драма „Домот на мојот татко“ и на првиот ТВ филм „Враќање во рајот“ снимени во студиото на ТВ Скопје.

Димитрие Рули Османли е роден на 29 мај 1927 година во Битола. Се образува во својот роден град, каде ја започнува својата кариера. На 17 години бил примен како актер во Народниот театар во Битола. Во градот на конзулите, тој ги остварува и првите контакти со филмот и кинематографијата со помош на Милтон Манаки.

Своето образование Димитрие Османли го продолжил во Белград, каде дипломирал на отсекот филмска и театарска режија на Академијата за театарска уметност во Белград во 1953 година. Потоа своето образование го продолжил на постдипломски студии на Институтот за високи кинематографски студии во Париз, кои ги завршил во 1962 година.

Димитрие Османли долги години работел како театарски, телевизиски и филмски режисер. Во 1953 и 1954 година бил уметнички раководител и режисер во Народниот театар во Битола. Три години по завршувањето на постдипломските студии во Париз, во 1965 година, тој бил назначен за раководител на уметничката реализација и режисер во Радиотелевизија Скопје. Од 1969 до 1972  година Османли бил уредник на Забаната програма и режисер во РТВ Скопје.

Османли бил професор и продекан од Одделот за драмска уметност при Факултетот за музичка уметност, како и прв декан на Факултетот за драмски уметности (1987), каде што предавал актерска игра

Во текот на својата кариера, Османли покрај четирите играни филмови, има реализирано и дваесетина документарни, како и повеќе од дваесет телевизиски остварувања. Тој е режисер на првата комедија во македонската кинематографија „Мирно лето“ во 1961 година. На полето на театарската уметност неговиот придонес е исто така значаен, има режирано преку триесет и пет театарски претстави низ театрите во Македонија. Тој е режисер и на првата ТВ драма „Домот на мојот татко“, како и на првиот ТВ филм „Враќање во рајот“ снимени во студиото на ТВ Скопје. Исто така, Османли е автор е и на две публикувани книги на снимање: “Екселенции мирно“ и “Ангели на отпад“.

Османли режирал дела од различни автори, жанрови, времиња и театарски средини. Тој ја режира и преставата „Без крилја“ од Вуди Ален во театарот од Воден, Егејскиот дел на Македонија, со која ја освојува првата награда на Грчкиот национален фестивал на алтернативни театри во Коринт во 1982 година.  

Во 2003 година, Османли за последен пат се преставува пред своите битолчани во Битолскиот народен театар со преставата во негова режија „Спилиони“, а кон крајот на 2005 година за последен пат се преставува пред скопјани во МНТ со тетарската режија на Аристофановите „Жени во народното собрание“.

Во текот на својата кариера Димитрие Османли за својата работа добил повеќе признанија меѓу кои и наградите: Прва награда за режија на Фестивалот за документарен филм, за филмот Дванаесетте од Папрадник (Белград, 1965); Орден за заслуги за народ со сребрена ѕвезда (1966); Награда на град Скопје 13 Ноември за режија на филмот Мементо (1968); Орден на трудот со златен венец за филмска и театарска творечка дејност (1979); Награда 11 Октомври за животно дело (1985); Признание Крупен план од Институтот за филм во Белград (1987); Голема златна плакета на Филмскиот фестивал Браќа Манаки за афирмација на Фестивалот (Битола, 1990); Награда за животно дело на Македонскиот театарски фестивал Војдан Чернодрински (Прилеп, 1999).

Димитрие Османли починал на  13 март 2006 година во Скопје.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.