|
||||
Илија Бижев |
Илија Бижев (10.VII 1882 – 14. XI 1966) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација. Во 1909 година, бил делегат од Демирисарско, Егејска Македонија, за време на основањето на Народната федеративна партија и зел учество во маршот кон Цариград, заедно со Јане Сандански, Христо Чернопеев, Тодор Паница, Чудомир Кантарџиев, Таска Серски и др. при детронирањето на Абдул Хамид Втори. Илија Иванов Бижев е роден на 10/22 јули 1882 година во село Крушево, Демирхисарско, Егејскиот дел на Македонија, во револуционерно семејство. Неговиот брат Никола бил еден главните водачи на Македонската револуционерна организација и близок пријател со војводата Димитар Гуштанов кој загина заедно со Гоце Делчев во битаката во село Баница. Уште на 18 годишна возраст Илија Бижев станал член на Македонската револуционерна организација и го помагал револуционерниот кружек во Педагошкото училиште во Сер, во кое што учел. Во 1903 година го завршил Педагошкото училиште во Сер и бил избран за раководител на Демирхисарскиот околиски револуционерен комитет. Тој го помага просветно дело и ја разгранува револуционерната мрежа во својот реон за својата активност бил уапсен повеќе пати и лежел во солунскиот затвор Еди куле во текот на 1905 и 1906 година. По Младотурската револуција во 1908 година, заедно со Стојо Хаџиев бил делегат од Демирисарско за време на основањето на Народната федеративна партија во 1909 година. Во април 1909 година, при детронирањето на Абдул Хамид Втори, тој зел учество во маршот кон Цариград, заедно со Јане Сандански, Христо Чернопеев, Тодор Паница, Чудомир Кантарџиев, Таска Серски и др.. По Втората балканска војна и поделбата на Македонија, како многу Македонци приврзаници на Народната федеративна партија кои се борела за запазаување на национално-теруторијалната целост на Македонија, заминал за Пиринскиот дел на Македонија, каде иако бил во рамките на Бугарија, сепак сеуште доминирал Јане Сандански. Заедно со своето семејство и со неговиот помал брат Иван, тој се населил во Мелник во 1914 година. Илија Бижев учествувал во Првата светска војна и потоа се населил трајно во Петрич. Од 1920 година, тој е член на Постојаната окружна комисија во Петрич. Се занимавал со учителствување и трговија, а исто така бил помошник адвокат и општественик. Во 1924 година, заедно со Иван Ангов и други, тој ја основал тутунската кооперација „Самуилова крепост“ во Петрич. Тој бил избран за претседател на првиот одбор на директори на кооперативата. Следната година, тој отворил фабрика за тутун со исто име во Софија и бил нејзин прв директор.
|