|
||||
Панајот Божинов |
Панајот Божинов Панајот Божинов (? - 1913) е македонски револуционер, учител и поет. Учествувал во Илинденското востание и во борбите кај Вишени, на Летничкиот врв, кај Клисура и др. Некои од тие настани ги опеал и во своите песни („Смртта на Лазар Поптрајков“, „Летничкиот врв“). По Востанието работел како учител, но дошол во судир со големобугарски ориентираниот директор на прогимназијата во Костур по македонското национално прашање и емигрирал во Америка. Подоцна пак се вратил во Македонија (1910), но поради неговите македонски национални определби, бил подмолно убиен од грчките власти. Панајот Божинов е роден во костурското село Апоскеп, Егејскиот дел на Македонија. Ја завршил прогимназијата во Костур и егзархиската духовна семинарија во Цариград. Чуствувал огромна љубов кон татковината и на повик на мајка Македонија се вратил во земјата и зел учествувал во Илинденското востание во Костурско во 1903 година. За време на Востанието во Костурскиот востанички реон, Панајот Божинов учествувал во борбите крај Вишени, на Летничкиот врв, кај Клисура и др. Истовремено со револуционерната активност, тој создал повеќе револуционерни песни, во кој ги опеал некои од настаните. Такви се песните „Смртта на Лазар Поптрајков“. „Летничкиот врв“ и др. По задушувањето на Востанието Панајот Божинов работел како учител, но дошол во судир со големобугарски ориентираниот директор на прогимназијата во Костур по македонското национално прашање. Поради тоа емигрирал во Америка. Во 1910 година Панајот Божинов се вратил во Македонија, но поради неговите македонски национални определби, постојано бил во судир со преставниците на грчката пропаганда. Панајот Божинов бил противник на идејата за поделба на Македонија помеѓу соседите и поради тоа по окупацијата на Костур од грчката армија, тој бил подмолно и на свиреп начин убиен од гркофилските елементи во 1913 година. |