Среда, 22 Април 2020    PDF Печати Е-пошта
Исак Сион

1i1

Исак Сион

Исак Сион (16. IV 1916 - 28. V 1994) е комунистички деец, партизански борец и политичар; Евреин од Македонија.

Во 1920 г. со семејството се преселил во Штип. Бил член на КПЈ од 1940 г. По Априлската војна во 1941 г. се вратил во Штип и се вклучил во НОБ како член на МК на КПМ. Бил делегат на Првото заседание на АСНОМ, По Ослободувањето бил член на ЦК на КПМ, генерален секретар на претседателот на Владата на НРМ, одговорен уредник на органот на ЦК на КПМ „Партиски живот“, вицегувернер на Народната банка на ФНРЈ во Белград, претставник на Сојузната стопанска комора во Лондон и др. Автор е на повеќе трудови од областа на монетарниот систем. Носител е на Партизанска споменица 1941.

Исак Сион е роден на 16 април 1916 година во градот Солун, Егејскиот дел на Македонија.

Солун бил дом на голема еврејска заедница, во кој живееле со векови. По првата светска војна и санкционирањето на поделбата на Македонија, семејството на Исак го напушта градот Солун и се населува во Штип во 1920 година.

Исак Сион се стекнал со висока наобразба. Прво во Скопје завршил Државна трговска академија, а потоа студирал на Високата економско-комерцијална школа во Загреб. По завршувањето тој  се запослил како банкарски работник.

Од 1936 година бил службеник во филијалата на Државната хипотекарна банка во Љубљана и станал активист на Сојузот на банкарските, осигурителните, трговските и индустриските чиновници на Југославија (скратено СБОТИЧ), а од 1940 година станал член и на Комунистичката партија на Југославија (КПЈ).

По Априлската војна во 1941 година, Исак Сион се вратил во Штип и се вклучил во Народноослободителната борба (НОБ). По директива на Месниот комитет на КПЈ во Штип, Исак развива извонредна партиска активност меѓу еврејската младина. Успеал да ги вклучи во воспитна група: Пепо Јуда Леви, Аврам Барух Сион, Исак Јаков Леви, Моис Давид Сион, Хаим Леви.

Во септември 1941 година Исак Сион ги известува дека се предвидени за излегување и формирање на Првио партизански одред кој требало да се формира на планината Плачковица. Поединечно биле определени за првата акција да учествуваат во нападот на полицискиот участок во Штип. Но до реализрање на таа акција не дојде.

Во октомври 1941 година Исак Сион ги влучува во воспитна група и Исак Синто Леви, Барух Моис Леви, Бирја Мордохај Бононо и Жак Давид Сион. Со членовите на групите се вршеле обуки за ракување со оружје и се вршеле активни подготовки за борба против окупаторот. Кон оваа група треба да се додадат уште 20- сет еврејски младинци од Штип кои биле организирани.

Исак Сион го избегнал собирањето и депортацијата на Евреите од Штип на 11 март 1943 година.

Исак бил единствениот Евреин кој успеал да избега од колоната што бугарските фашисти ја спроведувале кон штипската железничка станица, а потоа заминал во партизани, Инаку, околу 560 штипски Евреи, со исклучок на неколкумина, кои не биле дома во ноќта меѓу 10 и 11 март 1943 година или биле во партизани, заедно со уште околу 6.500 македонски Евреи, потоа од скопскиот монопол биле однесени и убиени во германскиот фашистички логор Треблинка во Полска.

Исак Сион по заминувањето во партизани бил борец во повеќе партизански единици.

Прво бил борец во НОПО „Гоце Делчев“ (19 - 21. V 1943), потоа во Шарпланинскиот НОПО (од 16. IX 1943) и во Кумановскиот НОПО (од 10. XI 1943), а бил и заменик политички комесар на чета и баталјон на Третата македонска НОУБ (од февруари 1944).

Како докажан комунист и антифашистички борец, Исак Сион учествувал на Првото заседание на АСНОМ, а потоа бил упатен за член на Обласниот комитет на КПМ во Штип (од август 1944) и бил секретар на Окружниот комитет на КПМ во Струмица.

По Ослободувањето Исак Сион бил член на ЦК на КПМ, генерален секретар на претседателот на Владата на НРМ, одговорен уредник на органот на ЦК на КПМ „Партиски живот“, вицегувернер на Народната банка на ФНРЈ во Белград, претставник на Сојузната стопанска комора во Лондон и др. Тој е автор на повеќе трудови од областа на монетарниот систем. Носител е на Партизанска споменица 1941.

Исак Сион починал на 28 мај 1994 година во Белград.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.