|
||||
Стојан Мишев |
Стојан Мишев Стојан Мишев (22. Ⅲ 1882 - 30. ⅩⅠⅠ 1924) е македонски револуционер, припадник на ВМРО, на МФРО и на „Здружението против бугарските бандити“. Во периодот од 1905 до 1908 година бил војвода во Штипско. По Првата светска војна бил близок соработник на Тодор Александров и Штипски околиски војвода. Во 1922 ја напуштил ВМРО и стапил во МФРО. Во 1923 се вратил во Вардарскиот дел на Македонија и бил еден од раководителите на Здружението против бугарските бандити во Штип, што се борело против четите на ВМРО во Брегалничкиот округ. Познат е како Анани и како ренегат бил осуден и убиен од ВМРО. Стојан Мишев е роден на 22 март 1882 година во Штип Тој завршил Педагошко училиште во Скопје и работел како учител. Соученик и близок пријател му бил на Тодор Александров. Во 1900 година, Стојан Мишев се приклучил на Македонската револуционерна организација и бил избран за член на револуционерниот комитет во градот. Во 1904 година станал комита, најпрво под водство на Мише Развигоров, а во периодот од 1905 до 1908 година бил војвода на Штипско со тројца комити. На почетокот на јануари 1905 година, како преставник на штипската околија, заедно со Ефрем Чучков, Мише Развигоров и Тодор Аклександров, учествувал ма конгресот на Скопскиот револуционерен округ, што се одржал во кратовското село Кнежево. Во есента 1910 година, Стојан Мишев бил уапсен и прогонет во Денизли. Во 1912 година бил амнестиран, по што се населил во Бугарија. По избувнувањето на Првата балканска војна, Мишев учествувал во војната како доброволец. Прво бил војвода на чета бр 31 на Македонско-идринското ополчение и дејствувал во родниот крај заедно со четата бр 32 на војводата Георги Гочев, а потоа во Транспортот на крана за ополченците. За време на Првата светска војна тој бил назначен од бугарските власти за окружен началник во Куманово. По војната му бил близок соработник на Тодор Александров и како Штипски војвода му помогнал во обновата на организацијата. Во 1921 година бил избран за член на раководството на Илинденската организација и го уредувал весникот „Илинден“.
Во 1922 година, Стојан Мишев ја напуштил ВМРО Автономистичка и стапил во Македонската федеративна организација (МФРО). Тој застанал на страната на федералистите во таканаречената акција на Неврокоп на ВМРО, но по погромот Мишев успеал да избега во Грција. По државниот удар на 9 јуни 1923 година и падот на бугарската влада предводена од Александар Стамболиски, Стојан Мишев се вратил во Вардарскиот дел на Македонија. Станал активист и еден од раководителите на паравоеното четничко „Здружение против бугарските бандити“ („Удружење против бугарских бандита“) со седиште во Штип, што се борело против четите на ВМРО во Брегалничкиот округ. Поради ваквата активност, по наредба на Иван (Ванчо) Михајлов, Стојан Мишев бил осуден на смрт и убиен од ВМРО на 30 декември 1924 година, на прагот на неговата куќа во Штип.
|