|
||||
Епаминонда Попандонов |
Епаминонда Попандонов Епаминонда Попандонов (1898 - 1968) е македонски деец и револуционер, делегат на АСНОМ и прв повереник за народна просвета во ДФМ. Бил член на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ, делегат на АВНОЈ и на АСНОМ и секретар и член на Президиумот на АСНОМ. предлага да се издаде македонски буквар, да се отворат гимназии и учителски школи и да се проучи прашањето за отворање универзитет во Македонија. Формира Комисија за „унификација на македонскиот јазик“. Бил член на Уставотворното собрание за донесување на Уставот на НРМ (1946). Епаминонда Попандонов е роден во 1898 година во градот Струмица. Основно и средно образование заврпил во родниот град и во Скопје. Во 1922 година дипломирал на Филозофскиот факултет во Белград. Меѓу двете светски војни бил професор по филозофија, психологија и француски јазик во Струмица, Бања Лука, Сараево, Врање и Скопје. Епаминонда се приклучува на Народноослободителното движење во 1944 година и истата година станал член на КПЈ. То бил член на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ, делегат на АВНОЈ и на АСНОМ и член на Президиумот на АСНОМ. Како повереник за просвета, на третата седница на Президиумот на АСНОМ одржана од 2 – 5 октомври 1944 години Епаминонда Попандонов предложил да се издаде македонски буквар, да се отворат гимназии и учителски школи и да се проучи прашањето за отворање универзитет во Македонија. Формира Комисија за „унификација на македонскиот јазик“, односно Комисија за македонската азбука и ја раководи нејзината работа. На Второто заседание на АСНОМ, одржано од 28 до 30 декември 1944 година, Епаминонда Попандонов бил избран за втор секретар, а на Третото заседание на АСНОМ, кое е одржано од 14 до 16 април 1945 година, кога доаѓа до трансформација на Президумот на АСНОМ во Президиум на Народното собрание на Македонија и се укинати поверенствата во состав на Президиумот, Попандонов бил остранет од државното раководство. Причина била опозициската дејност на неговиот брат Васил Иванов, кој во 1947 година бил осуден на смрт, за потоа му ја сменат пресудата во повеќегодишен затвор. Сепак, по Втората светска војна, во 1946 година, Епаминонда бил член на Уставотворното собрание за донесување на Уставот на НРМ. Исто така, по ослободувањето, во сојузната држава Југославија во чиј состав била Македонија, биле формирани републички верски комисии. Во Македонија Републичката верска комисија ја предводел Епаминонда Попандонов. Во последните години од животот тој работи во културни и образовни институции. Од 1947 до 1951 година Епаминонда бил директор на Народната библиотека во Скопје, а од 1952 до 1966 година и професор на Педагошката академија. Епаминонда Попандонов починал во 1968 година во Софија. |