|
||||
Ѓорѓи Ацев |
Ѓорѓи Ацев Ѓорѓи Ацев ( V 1883 –, 25. VI 1906) е учител, македонски револуционер и прилепски војвода. Во 1905 година бил избран за велешки војвода и околу две години водел борба со османлиската војска и жандармерија и со грчките и српските чети. Во судир со српска четничка формација во Велешко, за да на падне жив во нивните раце, се самоубил. Ѓорѓи Ацев е роден во мај 1883 година во прилепското село Ореовец. Потекнува од револуционерното семејство Ацеви. Тој е брат на Мирче и на Петар Ацев. Неговиот татко Аце Хаџикостадинов бил убиен од помаци кај тиквешкото село Сирково. Ѓорѓи Ацев завршил Педагошко училиште во Скопје. По дипломирањето учителствувал во Битолско и во Тиквешко (село Страгово). По убиството на селски шпион во зимата 1904 година заминал во илегала. Станал четник во четата на брат му Петар Ацев. По заминувањето на Петар Ацев за Бугарија во 1904 година, Ѓорѓи го заменува како војвода на чета, а во 1905 година бил избран за велешки војвода. Околу две години тој водел повеќе борби со османлиската војска и жандармерија, како и со грчките и српските чети. Во летото 1905 година, во близина на селото Полог, тој ја разбил андартската чета од 25 души, од кои биле 10 Критјани и 15 милиционери од блиските гркомански села, веројатно четата на Петар Сугарев. Во битката загинал андартскиот војвода и 12 четници, а двајца биле заробени. Во текот на летото 1906 година Ѓорѓи Ацев бил предаден за време на казнена операција во поречкото село Крапа. Неговата чета била нападната од србоманската чета на Глигор Соколов. Во престрелка со српските чети во месноста Куртов мост, на планините Даутица, тој бил ранет. За да не биде заробен жив Ѓорѓи Ацев на 25 јуни 1906 година извршил самоубиство. Војводата Панчо Константинов од Велес и тројца четници исто така биле убиени во битката. Македонскиот народ на Ѓорѓи Ацев му ја посветил песната: „Ајде пушката пукна, бре џанам, |