|
||||
Атанас Коровешов |
Атанас Коровешов Атанас Коровешов (1913 – 2. IX 1945) е деец на македонското национално и комунистичко движење во Егејскиот дел на Македонија. Во 1944 г., по судирот со раководството на КПГ за македонското национално прашање, со група македонски борци преминал во Вардарскиот дел на Македонија. Бил назначен за командант на баталјон на Ударната бригада на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, потоа бил член на раководството на НОФ за Егејскиот дел на Македонија и загинал на планината Пајак во борба со грчките монархистички сили. Атанас Коровешов е роден во селото Смрдеш, Егејскиот дел на Македонија, во 1913 година. Основно оделение завршил во родното село, а потоа се занимавал со сточарство. Пред Втората светска војна тој бил активен во Грчката комунистичка партија (КПГ). Во 1939 година Атанас служел воен рок во погранична единица на грчката армија, а по фашистичката окупација на Грција во пролетта 1941 година, со другите комунистички дејци развивал широка активност против окупаторот. Семејството на Атанас имало имот во Лариса. Во 1941 година, Атанас заедно со стадата заминал на зимување на имотот во Лариса, од каде активно ги помагале партизаните. Атанас се вратил во родното село во летото 1942 година. Како искусен човек кој го отслужил воениот рок, тој се вклучил во работата на селскиот комитет на Смрдеш како одговорен за воени прашања. Истовремено, тој работел на омасовување на ирганизацијата во околните села. Во август 1943 година Атанас Коровешов заминал во партизани. Од неговата група која била составена од Македонци од околните села, во септември бил формиран одредот „Лазо Трпевски“. .Атанас учествувал во сите акции и борби на одредот се до негово расформирање. Во пролетта 1944 година, борците на одредот „Лазо Трповски“ преминале во леринско -костурскиот батаљонот на Вичо кој влегувал во состав на 28 полк на ЕЛАС. Атанас како командир на првиот вод од втората чета на овој батаљон учествувал во низа борби. По судирот со раководството на КПГ за македонското национално прашање, Атанас со група македонски борци на леринско-костурскиот батаљин во почетокот на мај 1944 година преминал во Вардарскиот дел на Македонија. Од македонските воени единици кои се одделиле од ЕЛАС, во ноември 1944 година во битолското село Драгош беше формирана Првата егејска ударна бригада. Атанас бил назначен за командант на баталјон и војувал заедно со македонската војска. По завршувањето на операциите на чистење на квинслишките сили во реонот на Кичево и подготовките за расформирањето на бригадата во пролетта 1945 година, се вратил во Егејскиот дел на Македонија и од април истата година бил во Главниот одбор на Народноослободителниот фронт (НОФ). НОФ е формиран на 23 април од страна на Михајло Керамитчиев, Паскал Митревски, Георги Урдов, Павле Раковски, Минчо Фотев и Атанас Коровешов на 23 април 1945 година со цел борба против грчките монархофашистички агресори и борба за физички опстанок на Македонците во Грција. Атанас Коровешов загинал на 2 септември 1945 година на планината Пајак, с. Корнишор, Ениџе Вардарско, во борба со грчките монархистички сили. |