|
||||
Маца Овчарова |
Марија Ангелова Ѓорѓиева (Маца Овчарова) (19. III 1922 – 7. I 1943) е македонски комунист, предводник на младинското револуционерно движење во Велес. Од 1942 година таа е борец на одредот „Димитар Влахов“, со кој учествувала во сите борби против бугарската војска, полиција и контрачетници. Во текот на Зелениковската борба во јануари 1943 година била тешко ранета и жива закопана. Марија Ангелова Ѓорѓиева (Маца Овчарова) е родена на 19 март 1922 година во Велес, во работничко семејство. Како млада таа почнила да работи во Монополот, каде се вклучила во работничкото движење. Пред почетокот на Втората светска војна таа се поврзала со револуционерното и напредно младинско движење. До 1942 година таа членувала во повеќе младински груши во Велес, а по окупацијата во 1941 година активно го помагала Народноослободителното двожење со женската младина во градот. Учествувала во собирањето на „Црвената помош“, растурањето на летоци и напредна литература, потоа во собирање на оружје, храна и друго за потребите на борците во одредот. Во септември 1942 година Марија се приклучила на партизанскиот одред „Димитар Влахов“, со кој учествувала во сите борби против бугарската војска, полиција и контрачетници. Таа секогаш била во првите борбени редови и се истакнувала со својата храброст. Кон крајот на 1942 година окуаторските сили започнале офанзива со цел конечно уништување на одредот. Во почетокот на месец јануари 1943 година, во борбите со бугарските сили кај Дреново и Зелениоково, одредот имал осетни загуби. При повлекувањето со својот соборец и политички комесар на одредот Трајко Бошкоски - Тарцан Илинденски, кој со последниот куршум на Божиќ се самоубил, Марија Ѓорѓиева алиас Маца Овчарова била тешко ранета Маца Овчарова и телото на Тарцан, поранешен командант на Прилепскиот одред кој го извршил нападот на 11 октонври 1941 година во Прилеп, биле одведени во село Р’левци. Младата партизанка два дена била мачена во училишниот подрум. Откако ништо не можеле да дознаат за одредот, разбеснетиот бугарски окупатор ја фрлил Маца во отворената јама каде било телото на Тарцан. И додека по нивна наредба таа ја местала главата на Тарцан, тие пукале во неа и во присуство на сведоци, месното население на Р’левци, додека била сеуште жива ја затрупале со земја. Марија Ѓорѓиева или Маца Овчарова била погребана во заеднички гроб со Тарцан во близина на црквата „Св. Спас“ во село Р’левци на 7 јануар 1943 година. Дури кон крајот на 1944 година, нивни роднини ги откопале посмртните останки на двајцата борци за слобода на Македонија и ги пренеле во родните места. Телото на Маца било пренесено во Велес, а на Тарцан во Прилеп. |