Среда, 08 Септември 2021    PDF Печати Е-пошта
Радон Тодев

1rade

Радон Тодев (1869 – 4. X 1903) е македонски револуционер, разлошки војвода на Македонската револуционерна организација. Бил избран за секретар на Разлошкиот окружен комитет, а за време на Илинденското востание бил војвода на чета. Загинал за време на Илинденското востание во битка со турскиот аскер и башибузук, подоцна наречена „Нови Термопили“, за да го заштити цивилното население кое бегало од запалените села.

Радон Георгиев Тодев е роден во 1869 година во Банско, Пиринска Македонија. Се образувал во родното село и во Солунската егзархиска машка гимназија, каде пристигнал во 1888 година. Во тоа време таму бил и Гоце Делчев. Тој ги прифатил револуционерните идеи и станал член на Македонската револуционерна организација.

По завршувањето на четвртиот клас се вратил во Банско, каде девет години работел како учител. Во 1896 - 1897 година Гоце Делчев пристигнал во Банско, каде што станал учител. Под негово водство и со помош на Радон Тодев, регионалниот комитет на Организацијата беше повторно формиран во Банско. Радон бил избран за секретар на Разлошкиот окружен комитет и активно учествувал во подготовките за Илинденското востание во 1903 година.

Македонците од Банско и Разлог зедоа активно учество во востанието. Таму била донесена одлука востанието да се подигне малку подоцна, на Крстовден - 14 септември, како и да не се учествува масовно, бидејќи населението не било добро подготвено. Во Банско биле организирани 6 чети (на Борис Голев, Радон Тодев, Тасе Фурнаџиев, Костадин Колчагов, Спас Мехомиски, Милош Колчагов и Георги Голев), кои дејствуваа во планините, а имале за задача кога ќе имаат можност да го нападнат гарнизонот во градот Мехомија, денешен Разлог.

За време на Илинденското востание Радон бил војвода на чета. По почетните порази на востаниците во Битолско било јасно дека востанието во Разлог нема да успее. Осветата на турскиот аскер предизвикал голем бран на бегалци кој се обидувал да влезе во Бугарија. Четите биле ангажирани да го чуваат патот кој минуваше над селото Годлево на Планината Рила.

Позицијата на Врашка Чука или Св. Богородица ја чувал Радон. На 4 октомври (22 септември, стар стил) 1903 година, Радон Тодев и неговата чета од 27 души започнале борба со османлиските трупи, за да го покрие и овозможи повлекувањето на локалното христијанско население од запалените разлошки села. Иако однапред ја знаеле судбината, сепак Тодев и неговата чета решиле да ја исполнат својата задача, т.е. да го заштитат цивилното население кое бегало во Бугарија. Битката која подоцна ќе се вика „Нови термопили“, била жестока. Ден претходно во црквата „Св. Троица“ во Банско, свештеникот Стојко ги опеал живи, бидејќи момчињата знаеја дека одат до сигурна смрт.

Над позицијата на Св. Богородица, четата на Тодев влегла во битка со 600 тешко вооружени војници (редовна војска) и преку 1.000 башибозук. По петчасовната жестока битка, востаниците постепено беа опколени, без вода и без муниција. Но, никој не ја прифатил понудата на турскиот командант, албајбаши (полковник) Мустафа Селим Хаџиоглу, да се предаде, иако им гарантирал безбедно повлекување, зачувување на оружјето и знамето. Кога им завршила муницијата, Тодев и неговите луѓе се бореле човек со човек до последниот здив. Од целата чета приживеал само еден, а кај турскиот аскер загинале 119 луѓе. Практично целото цивилно население што го бранел успеало да стигне и да ја премине бугарската граница.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.