Среда, 03 Ноември 2021    PDF Печати Е-пошта
Костадин Лагадинов

956431 Костадин Лагадинов

Костадин Лагадинов – Петар (11. IV 1913 – 29. X 2011) е учесник во НОД во Пиринскиот дел на Македонија, генерал-мајор. Во 1933 година осуден на 12,5 години затвор, но наредната година емигрирал во СССР. Под псевдонимот Петар Стефанов Врзанов-Македончето, завршил високи воени школи. Во август 1941 година се вратил во Бугарија и од октомври бил партизан во Разлошко, командир во Разлошкиот п.о. „Јане Сандански“ и „Никола Парапунов“. Прв командант на Разлог по 9. X 1944 година. Повеќепати бил одликуван.

Костадин Атанасов Лагадинов е роден на 11 април 1913 година во градот Мехомија (Разлог). Завршил солунска гимназија „Св. Свети Кирил и Методиј“ во Горна Џумаја (Благоевград). Потоа студирал право на Софискиот универзитет. Одморот го поминувал во Разлог каде се поврзал со Никола Парапунов и започнал со растурање на социјалистичка литература. Во 1932 година станал член на Бугарскиот комунистички младински сојуз, а во 1941 година - на Бугарската комунистичка партија.

На 1 април 1932 година, откако видел дека полицијата ја опколила неговата куќа, преминал  во илегала. Наредната 1933 година тој бил осуден во отсуство на 12,5 години затвор за политичка активност според Законот за заштита на државата. Имено во Разлог им се судело на македонските револуционери Никола Парапунов, Крсто Стојчев, Костадин Лагадинов и на припадници на ВМРО (обединета)

Во 1934 година, Костадин емигрирал во СССР, каде под псевдонимот Петар Стефанов Врзанов - Македончето, завршил високи воени школи (тенковска и падобранска). Служел во Првиот механизиран тенковски полк на Црвената армија.

На 5 август 1937 година Костадин бил уапсен од НКВД и испитуван во затворите Лубјанка и Бутирка. Тој бил обвинет за шпионажа и учество во обид за организирање на атентат против Сталин. Потоа бил осуден на 8 години затвор и затворен во логорот во Коми. Ослободен бил во средината на јуни 1941 година со лично извинување од Лаврентиј Берија, раководител на советската тајна служба и на безбедносните служби во времето на Сталин.

За време на Втората светска војна бил вклучен во групата на подморничари. На 11 август 1941 година, со групата на Цвјатко Радојнов се истоварил од подморницата „Шт - 211“ на бугарското крајбрежје до устието на Камчија. Пеш стигнал до Разлог и станал партизан заедно со татко му Атанас, браќата Асен и Борис и сестрата Елена Лагадинова во партизанскиот одред „Никола Парапунов“, кој во Пиринска Македонија најрано го кренал гласот за ослободување и обединување на Македонија,  Во 1943 - 1944 година Костадин бил помошник командант на одредот, а по 9. X 1944 година бил прв командант на Разлог.

По 9-септемврискиот пуч во 1944 година, Костадин го завршил своето образование по право на Софискиот универзитет. Служел во Бугарската народна армија и повеќепати бил одликуван. До чин генерал-мајор стигнал во 1969 година. Во доцните 1960-ти бил началник на воено-судски оддел. Воен адвокат, претседател на Софискиот воен суд. Повеќепати бил одликуван, но е разрешен по обелоденувањето на заговорот на Иван Тодоров-Горуња против Тодор Живков.

Костадин Лагадинов, починал на 29 октомври 2011 година во Софија.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.