Среда, 08 Декември 2021    PDF Печати Е-пошта
Боро Менков

67821 Боро Менков

Боро Менков (6. V 1919 - 14. X 1941) е македонски комунистички деец и народен херој од НОБ. Бил истакнат синдикалист и раководител на штрајкот на берберските работници во Куманово во 1936 г. Во 1940 г. станал член на КПЈ, а по окупацијата на Македонија во 1941 г. бил еден од организаторите на НОБ во Куманово и командант на Карадачкиот НОПО. Загинал во судир со бугарската војска и полиција. Прогласен е за народен херој на Југославија.

Боро Илиев Менков е роден на 6 мај 1919 година во Куманово, во сиромашно семејство. По завршувањето на основното училиште немал средства да го продолжи образованието. Почнал да работи како берберски помошник, го изучил занаетот и почнал да работи како бербер.

Како берберски работник во тогашното Кралство Југославија Боро се приклучил на работничкото движење и бил еден од организаторите на Обединетите работнички синдикати (Уједињени раднички синдикати - УРС) во Куманово. Тој бил секретар на синдикалниот огранок на берберските работници и член на меѓугранковиот одбор на  УРС во градот.

Биро како истакнат синдикалист раководел со штрајкот на берберските работници во Куманово во 1936 година. Штрајкот успеал, но за Боро повеќе немало работа во Куманово. Тој се обидувал да најде работа и во Белград, но се вработил во Крагуевац. Таму работел од 1936 до 1938 година и за тоа време активно учествувал во револуционерното движење во градот.

Поради нарушено здравје, Боро се лекувал во санаториумот во Касин Дол во текот на јануари и февруари 1940 година, Истата година тој станал член на Кумунистичката партија на Југославија (КПЈ) и се вратил во Македонија. Во Скопје отворил берберница, се приклучил на синдикатот и учествувал во низа протести. Поради неговата активност полицијата повеќе пати вршела претреси во неговата берберница и го спроведувала во затвор.

Поради постојаниот прогон од полицијата, Боро го напутил Скопје и заминал за родниот град. Во Куманово отворил берберница, која набрзо станала собиралиште на прогресивните сили во градот, поради што повтрно тој бил следен од полицијата.

По Априласката војна во 1941 година и окупацијата на Македонија од страна на фашистичките сили, Боро учествувал во собирање на оружјето кое го оставила тогашната југословенска војска и во подготовките за оружено востание. Во овој период, извесно време во неговата куќа живеел Лазар Колишевски.  

На почеток на воруженото востанием на 11 октомври 1941 година, Боро станал командант на Карадачкиот партизански одред. Тој тргнал со својата единица кон Карадак за да дејствува таму, но се судрил со силите на бугарскиот окупатор. По тродневни борби со бугарската војска и полиција, Боро Менков загинал на 14 октомври 1941 година кај селото Белановце. 

Боро Менков е прогласен за народен херој на Југославија на 20. Декември 1951 година.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.