|
||||
Никола Гули |
Никола Гули (1901 – 15. IX 1923) е македонски револуцинер, велешки и крушевски војвода на Македонската револуционерна организација Тој е син на војводата Питу Гули. По Првата светска војна учествувал во повторното формирање на Македонската револуционерна организација. Бил предаден и фатен од српската полиција во возот на релацијата Белград–Скопје, а потоа стрелан во Ниш. Никола Гулев е роден во 1901 година во Крушево, во влашко семејство. Негови родители се Евгенија и Питу Гули херојот од Илинденското востание, член и војвода на Македонската револуционерна организација кој загина при одбрана на Круевската Република. Имал една сестра и два браќа Ташко и Стерјо Гулев. Никола Гули завршил гимназија во Софија и ги следел револуционерните стапки на својот познат татко. По Првата светска војна учествувал во повторното формирање на Македонската револуционерна организација. По возобновувањето на ВМОРО од страна на Тодор Александров, тој станал негов личен телохранител. Никола Гули бил неукротлив и претприемчив. На барање на Пејо Јаворов во 1913 година Гулев му дал пиштол, со кој подоцна се самоубил големиот бугарски поет. По наредба на ВМРО Никола Гулев во Софија го убива Александар Панов во 1922 година. Гули бил четник, а подоцна станал и војвода на ВМРО во Велес и родното Крушево. Во време кога односите меѓу Југославија и Бугарија биле многу затегнати, на работ на војна, поради влегување на четите на ВМРО во Вардарскиот дел на Македонија, Гули често пати преземал ризични патувања низ Југославија. При едно такво патување во Загреб се сретнал и со хрватскиот водач Степан Радиќ. Во периодот кога Белград ја обвинува Бугарија дека со нејзина поддршка Тодор Александров се подготвува со 80.000 припадници на ВМРО да влезе во Вардарскиот дел на Македонија, на слично патување низ Југославија Никола Гули бил предаден и фатен од српската полиција во Ниш на 15 септември 1923 година. Според една верзија бил стрелан од српските влас според друга дека умрти во Ниш, аел во Белград во летото 1924 година, откако бил мачен. |