|
||||
Лазар Москов |
Лазар Москов Казар Москов (1877 – 4.08.1902) е македонски револуционер, костурски војвода на Македонската револуционерна организација. Војводата е во областа Костур. Негови најблиски соработници таму се Павел Христов, Лазар Киселинчев, Пандо Кљашев и Васил Чекаларов. Опколен од турскиот аскер Москов бил ранет во коленото и се самоубил за да не биде фатен. Лазар Москов е роден во 1877 година во костурското село Д’мбени, Егејскиот дел на Македонија. Учел во Костурското училиште, Солунската машка гимназија и завршил во Битолската гимназија во 1901 година. Таму се спријателил со Кузман Стефов и Лазар Поптрајков, а веќе наредната година. се приклучил на Македонската револуционерна организација. Москов се одликувал како искусен и смел народен раководител во Костурско. Тој бил првично началник на чета, а потоа завземал видно место меѓу ракаводителите и организаторите на костурскиот револуционерен реон. Војводата е во областа Костур. Негови најблиски соработници биле Павел Христов, Лазар Киселинчев, Пандо Кљашев и Васил Чекаларов. Тој се сретнал и со Марко Лерински и Гоце Делчев при нивната инспекција во 1901 година. На 3 август 1902 година Лазар Москов и Никола Рашајков влегле во Вишени, но биле забележани од стражар кој го чувал даночникот. Утрото на 4 мај селото било блокирано од 3.000 турски аскер и башибозук од Костур, Лерин и Хрупишта. Започнала долга битка со опколените револуционери во куќата на Типо Цулев, кој бил исто така бил добара и предан деец на Македонската револуционерна организација. Во неможност да ги зароби живи, војската ја запалила населбата и изгорела шест куќи, при што загинале тројца мажи и една жена. Стопанот на кѕќата во кои биле македонските револуционери Типо загинал на почетокот на борбата, а за да не изгорат живи Рашајков и Москов се обиделе да се пробијат низ обрачот, Но при пробивот Рашајков бил застрелан, а Москов бил ранет во коленото. За да не биде фатен жив Лазар Москов се самоубил. Пред пробивот, Москов и Рашајков оставиле проштално писмо на бакалска книга, кое подоцна селаните го предале на регионалната чета на Организација. Во писмото во кое се даваат последните наредби на четата, меѓудругото пишува: „Ако умреме, еве што ќе знаете: не умираме од предавство, Кољо виде еден заптија на прозорецот. Ве заветуваме на голема претпазливост. Ако е можно, одредот треба да остане надвор..... Типо го убија Турците зошто ни ја отвори вратата. Напишете во весникот дека не жалиме што умревме од куршумот, но лути сме што не ја постигнавме, не ја завршивме целта - да ја ослободиме татковината. Нека ја достигнат оваа патриотска волја нашите другари. Знајте, другари, дека со нас ништо не е загубено. Храброст, не плашете се, се ќе заврши и ќе блесне слободата, еднаквоста и братството. Храброст, храброст и повторно храброст.... Збогум Македонијо! Збогум другари и роднини! Да живее револуцијата, слободата, еднаквоста и братството.... За правда и за народот Лазар Московски Кољо Рашајков “ |