Среда, 19 Јануари 2022    PDF Печати Е-пошта
Херман Вендел

1sol121 

Херман Вендел (8. III 1884 – 3. X 1936) е германски писател, публицист и политичар. Тој е повеќегодишен пратеник во германскиот парламент (Рахјстаг) кој добро ги познава состојбите на Јужните Славјани. Низ бројни написи во печатот и во одделни книги (1916-1936) изнесува аналитички видувања за народите на Балканот, а меѓу нив и за Македонците.

Вендел се пројавува како заштитник на Македонија и на нејзиното право на суверен живот. Тој ја брани самобитноста на македонските Славјани и жестоко го осудува бугарското присвојување на Македонија. Во серијата статии, видлива е неговата широка информираност за македонските состојби и солидно познавање на веќе постојната литература за македонското прашање.

Херман Вендел е роден на 8 март 1884 година во Мец, Германско царство, во семејство на пруски службеник. По завршувањето на гимназија во родното место, студирал историја и филозофија на универзитетот во Минхен. Како студент станал член на книжевно-културниот сојуз „Млад Алзас“, го поддржувал работничкото движење и бил заговорник за француско-германско помирување.

Во 1905 година станал член на Социјалдемократската партија на Германија. Во периодот од 1910 до 1918 година бил член на  Градскиот совет на Франкфурт на Мајна и на 27-годишна возраст станал пратеник на Социјалдемократската партија во Собранието на Рајхстагот.

За време на Балканските војни престојувал во Белград како воен дописник. По Првата светска војна ја напуштил политиката. Во 1920 година, како добар познавач на балканските прилики, му била понудена функцијата германски амбасадор во Белград. Тој ја одбил понудата, сакајќи да остане независен и целосно се посветил на пишувањето.

Вендел покажал голема наклонетост и интерес за југословенското движење и за проблемите на Југоисточна Европа. Материјалот и литературата опширно ги користел за пишување, но и своето познавање за јужнославјанските простори, во кои често патувал. Тој низ бројни написи во печатот и во одделни книги во периодот од 1916 до 1936 година изнесува богати аналитички видувања за народите на Балканот, а меѓу нив и за Македонците.

За да ѝ ја доближи на германската јавност и да го претстави ликот на овие народи со посебен културен развој, во голема мера запоставени, но кои се составен дел на европската култура, тој објави патописи „Од Марбург до Монастир“. Јужнославјанско патување“, „Патување низ Црна Гора, Западна Србија, Босна, Херцеговина и Далмација“, кое подоцна го обединил во книгата „По и низ славјанскиот југ“ Посебна карактеристика на неговите патописи е неговата непосредност во раскажувањето, бидејќи го опишал само она што лично имал можност да го види и доживее, нагласувајќи го она што е карактеристично за одредени области и региони и нивните жители, вешто испреплетувајќи го сегашноста и минатото.

Херман Вендел престојувал на Балканот околу 1920-тата година, за коешто напишал и книга, „Kreuz und quer durch den slawischen Süden“ .објавена во 1922 година. Во неа при посетата на Прилеп ќе забележи:

„На мостот млади луѓе си играат, едниот не се срамеше запрашан:
– Јас сум Србин, но они (покажува на другите) дека се Македонци. – Од каде си?
– Од Ниш.“ Понатаму, Србинот вели дека самиот тој е стар Србин, а другите се „нови срби“ (односно, допрва треба да станат „срби“).

А за посетата на Ресен вели: “…Рој момчиња околу автомобилот…“ - Добро, што си ти? - Запрашав едно од нив. Тој погледна срамежливо и неразбирливо. - Тој е Турчин, викна хорот.- Аха? (до хорот) А Вие? - (ние сме) Македонци! - испукаа, како од пиштол.”

Вендел се пројавува како заштитник на Македонија и на нејзиното  право на суверен живот во време кога фашизмот стапува на европската политичка сцена. Тој ја брани самобитноста на македонските Славјани. Жестоко го осудува бугарското присвојување на Македонија, поради што бил обвинуван дека се повел по гледиштата на српскиот научник Јован Цвииќ.

Во серијата статии, главно за феноменот на македонските Славјани, за кои Вендел смета дека се самобитна славјнска нација, видлива е неговата широка информираност за македонските состојби и солидно познавање на веќе постојната литература за македонското прашање.

По доаѓањето на нацистите на власт во 1933 година, на чело со Хитлер, тој емигрирал во Париз, каде што живеел до својата смрт. Починал на 3 октомври 1936 година во предградието на Париз, Сен Клу, Франција.1sol121

1lju1212

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.