Среда, 26 Јануари 2022    PDF Печати Е-пошта
Христо Чемков

1leg121 Христо Чемков

Христо Чемков (1875 – 24. V 1898) е македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и член на Македонската револуционерна организација (МРО). Во 1895/1896 година раководел со битолскиот револуционерен комитет, а по Виничката афера заминал во Бугарија, каде имал неуспешна мисија да ја уништи базата на Бугарското тајно револуционерно братство. Познат е под псевдонимот Доктор. Во куќа во Прилеп се самоубиле со Јордан Гавазов откако не можеле да го пробијат обрачот на турскиот аскер. 

Христо Чемков е роден во 1875 година во Штип.  Завршил педагошко училиште во Ќустендил, каде што во 1893 година учествува во формирањето на Македонското младешко друштво. Како педагог учителствувал во Дедеагач, а потоа бил назначен за учител во централното училиште во Битола.

Во 1894 година Христо Чемков како и голем дел од тогашните учители станал член на Македонската револуционерна организација, а веќе во 1895/1896 година раководел со битолскиот револуционерен комитет.

По откривањето на Виничката афера во 1897 година, која предизвикала голема штета на револуционерната мрежа во Скопскиот револуционерен округ на МРО, Чемков кој тогаш учителствувал во Прилеп, заминал за Бугарија. 

Престојувал во Софија, од каде заминал во мисија во Чепеларе со задача да ја уништи базата на Бугарското тајно револуционерно братство, кои биле идејни противници и предизвикувале големи штети на МРО. Чемков имал за задача не само да ја уништи нивната база туку и да ги привлече нивните раволуционерни комитети кон МРО. Меѓутоа мисијата била неуспешна.

Свесен дека е надгледуван, Чемков решил да се врати во Македонија, за да не му гнијат коските во туѓа земја ако загине, Во Софија се сретнал со Јордан Гавазов од Прилеп, кој избегал од Македонија поради прогон од страна на турските власти. Тие со уште двајца Македонци Харалампи Ѓуров и Стојан Димитров – Акчијата формирале група со цел да се вратат во Македонија и да формираат организациона чета во Прилепско.

Во текот на мај 1899 година Христо Чемков и Јордан Гавазов, по илегален пат се вратиле во Прилепско, додека Ѓуров и Димитров влегле легално во земјата.

Меѓутоа, по доаѓањето во Прилепско комитите не се состанале. Двајцата четници мистериозно настрадале, а Гавазов и Чемков при престој во куќата на Белазелковци во Прилеп, чекајќи да бидат поврзани со Прилепската околиска чета, биле предадени и опколени од турскиот аскер и полиција.

При нападот на турската војска на 24 мај 1898 година, кој траел повеќе часови, Чемков и Гавазов се бореле до последниот куршум. Откако го убиле османлискиот полициски началник Емин ефенди што ја предводел потерата и неколку војници, останувајќи без муниција, тие се самоубиле. Тоа бил пример кој потоа го следеле многу македонски револуционери. 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.