Среда, 09 Февруари 2022    PDF Печати Е-пошта
Киро Гаврилоски

1legКиро Гаврилоски

Киро (Киро) Гаврилоски – Јане  (22. II 1918 - 9. V 1944) е македонски комунистички деец и народен херој на Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија (НОАВМ). Пред Втората светска војна учествувал во повеќе демонстрации и штрајкови во Прилеп, а по 6 април 1941 гoдина активно работел во подготовките на НОАВМ. Заминал во партизански одред кон крајот на 1942 година. Заедно со Круме Волнароски бил опколен во една куќа во Прилеп и по подолг отпор против бугарски војници и полицајци, за да не падне жив во непријателски раце, се самоубил.

Кирил (Киро) Гаврилоски е роден на 22 февруари 1918 година во Прилеп, во печалбарско семејство. По завршувањето на четврти клас гимназија станал трговски помошник. Често патувал во Загреб и Белград. Рано се вклучил во работничкото движење во Прилеп. Откако  во Белград и Загреб се запознал со луѓе со социјалистичка ориентација, тој почнал да носи нелегален материјал во Прилеп и како млад почнал активно да учествува во сите акции и демонстрации против режимот. Поради тоа бил прогонуван и апсен од полицијата.

Киро бил влијателен во градот и пред Втората светска војна бил член на одборот на „Црвена помош“. Како таков со своето семејство учествувал во собирање на „Народна помош“. Исто така, активно учествувал во формирањето на нови партиски организации северно од Прилеп, особено во околината на Македонски Брод.

Веднаш по окупацијата во кралството Југославија во април 1941 година, Киро почнал активно да работи во подготовките за вооружено востание. Истата година станал и член на Комунистичката партија на Југославија. Поради своите активности, припадниците на бугарските окупаторски власти шест пати го апселе и малтретирале.

На почетокот на 1942 година Киро се повлекол во илегала и станал член на Месниот комитет на КПЈ во Прилеп. Одржувал врски со одредот „Димитар Влахов“ и бил активен во селата Дреновци, Горно Село и Дабница. Во последен момент, тој го избегнал масакрот во Дабница извршен на 19 септември 1942 година од страна на бугарскиот окупатор.

Киро Гаврилоски - Јане извесно време работел со партиската техника и кон карајот на 1942 година заминал во партизански одред. Наредната 1943 година, бил избран за член на Вториот областен комитет на КПМ во Битола. При првото ослободување на Кичево, во септември 1943 година, станал и секретар на Кичевскиот окружен комитет.

Во зимата 1944 година Киро се вратил во Прилепско како член на Битолскиот околиски комитет. По враќањето, тој му помагал на Месниот комитет во Прилеп за испраќање на нови борци во бригадата. На почетокот на пролетта 1944 година, Киро, заедно со секретарот на прилепскиот окружен комитет, Круме Волнароски, посветил посебно внимание на формирањето на Народноослободителниот одбор.

По започнувањето на подготовките за Првото заседание на АСНОМ, Киро и Круме често соработувале. Во мај 1944 година, во куќа во Прилеп се одржал состанок на кој биле делени полномоштва на делегатите. Откако делегатите си заминале, куќата во која останале Кире и Круме, по извршено предавство, била опколена од бугарската полиција. Тие одбиле да се предадат по што започнала акција за нивно ликвидирање. Во неколку часовната жестока оружена престрелка на 9 мај 1944 година тие успеале да убијат еден и да ранат двајца бугарски полицајци. Меѓутоа, окупаторските сили успеале да ја запалат куќата, по што Кире се убил за да не падне жив во нивни раце, додека Круме бил заробен и мачен по што починал.

Киро Гаврилоски е прогласен за народен херој на Југославија на 11. X 1951 година.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.